Новости

Турскиот национален авиопревозник Туркиш ерлајнс потпиша договор за купување 117 авиони од европскиот произведувач Ербас, кои ќе бидат испорачани до 2020 година.
Од почетокот на годинава до денес во ХЕЦ Шпилје се произведени 118 милиони киловат часови електрична енергија, односно 47% од годишниот план на производство.
Продажбата е една од обврските на Романија кон Меѓународниот монетарен фонд и Европската унија во рамките на условите за кредити во вкупен износ од 25 милијарди евра.
Македонско - Израелскиот бизнис клуб денес го организира вториот по ред Меѓународен бизнис форум на кој главна тема ќе биде Балканот-Алтенативен пар од Израел до Европа.
Охридска банка манифестираше солидна отпорност во 2012 во предизвикувачко пазарно опкружување и објави нето добивка од 128 милиони денари, што е 3,5 пати повисока од резултатот во 2011 година.
Европското здружение на производители на автомобили (ACEA) денес соопшти дека побарувачката за нови автомобили во Европа падна во март, што е 18-ти месец по ред, притисната со уривањето на побарувачката во Германија, која ја загуби позицијата најголем европски пазар.
Отсега граѓаните ќе можат само преку еден шалтер да добиваат документи за кои се води службена евиденција во одредена институција.
Сингапурскиот аеродром Changi е прогласен за најдобар аеродром во светот за 2013 година, од страна на компанијата Skytrax која ги следи и рангира перформансите на компаниите во авиоиндустријата.
Со почетокот на април започна и пријавувањето на сточарите за субвенции по литар продадени млеко. Пријавувањето ќе трае до крајот на овој месец, а за литар млеко сточарите ќе добијат по 3,5 денари.
Директните странски инвестиции во Хрватска во 2012 година изнесувале 973,3 милиони евра, што е за 107 милиони евра, односно околу 10% помалку отколку во 2011 година, покажуваат податоците на Хрватска народна банка (ХНБ).
NASA Space App Challenge во Скопје и светот на едно место ќе обедини програмери, инженери, научници, студенти, експерти, професори и ентузијасти кои групно ќе работат на десетина различни предизвици за изнаоѓање на хардверски и софтверски корисни решенија за глобалните потреби на земјата.
По речиси 16 години забрана за увоз на бугарски млечни производи, турските власти повторно го отвораат пазарот, објавија од бугарското Министерство за земјоделство и храна. Се укинува и забраната за увоз на јајца.
Во Стратегијата за развој на туризмот 2013-2020 година се предвидуваат точни мерки и активности за тоа како може Македонија да има поквалитетна туристичка понуда.
Косовската влада ја одобри продажбата на 75% акции во Телеком Косово на меѓународен конзорциум што го сочинуваат ACP Axos Capital Gmbh и Najafi Companies, а партнер им е British Telecom Group.
Пивара Скопје АД по втор пат доби највисоко признание за квалитет на пијалоците што ги произведува од страна на компанијата Кока-Кола.
На двата аеродрома скопскиот и охридскиот, заедно се регистрирани вкупно 71.598 патници, што претставува пораст на бројот на патници за 24,3% во однос на истиот месец минатата година.
Министерот за градежништво изјави дека на првиот состанок што треба да се одржи оваа недела сите заедно ќе се обидат да утврдат колкави се долговите на градежната индустрија и како можат да се подмират.
Според оценката на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд Македонија е земја со стабилна економија и стабилни макроекономски перформанси во услови на тешко окружение. Предвидениот раст од 2%, иако има ризици е остварлив.
Пораката на денешната конференција Бидете жена бизнис-лидер - секогаш чекор пред другите и издвојте се со храбри претприемнички вештини и потфати, е дека нема разлика меѓу маж и жена кога станува збор за претприемништвото.
Јапонски Sharp планира да го продаде својот удел во компанијата Pioneer. Sharp со 9,2% е најголем акционер во Pioneer, а сега бара купувач за акциите за да може да ги финансира трошоците за реструктуирање.
Агенцијата за електронски комуникации од денес почнува со мерења на квалитетот на услугите од телекомуникациските оператори.
Германскиот произведувач на автомобили Дајмлер планира да лансира нова линија на мали луксузни автомобили во својот оддел Мерцедес – Бенц, како конкуренција на ривалскиот лидер на пазарот на луксузни автомовили, BMW.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во февруари во Македонија се зголемил за 5,5% во однос на истиот месец лани.
Центарот ќе се простира на 40.000 метри квадратни, а освен продавници и деловни простории, ќе има и околу 200 станови.