Новости

Кој вели дека мудроста не доаѓа со годините?
Рејтингот на МПС се намали за две нивоа и сега е на Ба2, рејтинг кој не препорачува вложувања. Ваквиот став на Moody се оправдува со неможноста на банката да ги пласира средствата на пазарот на капитал поради моментално слабите врски со светскиот пазар на капитал.
Под влијание на тешката економска и финансиска криза, во повеќето европски земји се забележува зголемување на стапките на инфлација.
Естонија е една од ретките земји коишто кризата едвај и да ја допре. Со висок бруто домашен производ (БДП) од 8%, Естонија на прв поглед е земја каква што само би посакале, но изгледа дека нешто не е како што треба.
Турските градови и музеи освоија награди во 15 категории на World Travel Awards 2012, што потврдува дека оваа земја е на врвот на европскиот туризам.
Според последните информации, огласувањето во медиумите на кандидатите за претседател на најмоќната држава во светот веќе неколку дена ја надминува проектираната цена од 700 милиони долари и денес изнесува нешто над 800 милиони долари.
На дводневниот самит на Европската Унија кој денес ќе се оддржи во Брисел, шефовите на земјите членки меѓу другото ќе расправаат и за најголемиот проблем кој ја тресе цела Европа, а тоа е дали и како ЕУ може да спречи избивање на криза
Цената на превоз со такси возило не би смеела да надмине едно евро по поминат километар, заклучија словенечките таксисти здружени во Занаетчиско – претприемничката комора на Словенија.
Американската компанија Netflix одлучи повеќе да не го ограничува времето за одмор на своите вработени...
Според неофицијални информации, само во последната година 100.000 Британци ги затвориле своите сметки во една од петте најголеми банки во Велика Британија.
Со измените во Законот за трговски друштва, од денес, во рок од 24 часа, за само 80 денари (10 куни), може да се отвори мала фирма во Хрватска. Со почетен капитал од 1,3 евра и намалени основачки трошоци до 100 евра, може да се основа трговско друштво со ограничена одговорност (д.о.о.).
Растот на кинескиот БДП во третото тромесечје го забави најнискиот раст на кинеската економија од почетокот на светската криза. Овој податок значи дека по долги седум квартали постојано намалување на БДП, Кина и светот конечно може да здивнат.
Skoda Citigo - еден од најмодерните компактни автомобили во светот, отсега е достапен и во Македонија, благодарение на генералниот импортер Порше Македонија.
Швајцарија замрзна скоро една милијарда швајцарски франци, односно нешто повеќе од една милијарда долари украдени средства поврзани со диктаторите во четири земји што беа во центарот на Арапската пролет – Египет, Либија, Сирија и Тунис.
Дукат свежото (младо) сирење станува дел од President фамилијата. President е глобална, светски позната марка и експерт во категоријата сирења, која под своја капа ги собира најдобрите автохтони сирења од сите делови на светот.
Манса Муса Првиот е најбогатиот човек во историјата, според новите листи коишто се направени за најбогат човек на сите времиња. Муса Првиот е убедливо на прво место во конкуренција на 25 имиња, а истражувачите за да успеат во тие математики морале да ја пресметаат и инфлацијата.
Во европскиот буџет за периодот од 2014 до 2020 година, за Хрватска се предвидени 13,7 милијарди евра. За да ги искористи овие средства, Хрватска во тој период од европските фондови би можела да повлече уште еден национален годишен буџет.
Бројот на сиромашни жители на Романија само од почетокот на светската економска криза нарасна за 10%, од 36% минатата година на 46% во последниот квартал на 2012.
Италијански обвинители покренаа истрага против најголемиот европски дисконтен авиопревозник, ирскиот Ryanair, поради сомнение дека избегнувал да плати околу 12 милиони евра придонеси за пензиско осигурување за работниците.
Шведскиот произведувач на мебел, ИКЕА ќе отвори 20 помали продажни центри на околу 5.000 метри квадратни ширум Москва, што е дел од стратегијата за придобивање потрошувачи во руската престолнина. Новите продавници веројатно ќе бидат во близина на метро станиците и другите средства за јавен превоз, за да бидат поблизу до потрошувачите.
Француската Банка Credit Agricole ја купи Емпорики Банка, подружница на Алфа Банка за само едно евро. Се проценува дека оваа трансакција ќе ја намали нето добивката на Credit Agricole за околу три милијарди евра.
Оценувајќи ја кризата како „ноќна мора“, Сорос говорејќи на конференцијата на Националното здружение за бизнис економија во Њујорк, рече дека творците на еврото биле свесни за неговите недостатоци кога го основале.
Австриската група Raiffeisen bank international (RBI) драстично ќе го намали опсегот на работење во Словенија и бројот на вработените во својата централа во Марибор и 17 деловни единици низ земјата.
Изјавата на Гувернерот на Народната Банка на Србија Јоргованка Табаковиќ дека до крајот на 2012 година инфлацијата во Србија ќе биде двоцифрена е уште еден шок за граѓаните на Србија.