Новости

Причина за тоа се реакциите на кинеските производители на автомобили дека европските фирми, благодарение на субвенциите на своите влади, можат да продаваат автомобили во Кина со загуба.
Францускиот воздухопловен синдикат планира да штрајкува од вторник до четврток, а авиопревозниците ќе мора да го намалат бројот на летови на големите аеродроми, објави француската управа за цивилно воздухопловство.
Министерството за транспорт и врски објави конкурси за изработка на идејно архитектонско - урбанистички решенија за уредување на плажи на Дојранското и на Преспанското езеро.
Истанбул Шопинг Фест (ISF), кој се одржува помеѓу 8 и 30 јуни, се очекува да привлече 1,1 милиони странци кои ќе потрошат преку 200 милиони евра.
Институтот за селекција на квалитет Monde selection, кој е една од најрепрезентативните организации за проверка на квалитетот на пијалаците и прехранбените производи во светот, признаена од Европската Унија, додели четири златни медали на Скопско пиво.
ОНЕ од денес воведува нов неделен пакет во при-пејд за 79 денари неделно со вклучени минути за разговори кон сите мрежи во Македонија.
RWE Хрватска, филијала на германската групација RWE, ја заврши аквизицијата на компанијата Енергија 2 Системи и стана нејзин 100% сопственик. Со тоа влезе на хрватскиот пазар за снабдување со енергија.
Стопанствениците на Сојузот на стопански комори и претставници од Владата денес ќе остварат средба со бизнис делегација од Украина која е во тридневна посета на Македонија
Хрватска пошта почна да откупува стари мобилни телефони, а откупната цена зависи од староста и состојбата. Како што дознава Пословни дневник, за исправен мобилен телефон корисникот ќе добие две евра, а за неисправен едно евро.
НЛБ Тутунска банка ги намали каматните стапки на кредитите за население и ја продолжи промотивната кампања за кредити на физички лица - без манипулативни трошоци до 31 јули 2013 година.
Ултра - ефикасниот и моќен 1.0 - литарски EcoBoost бензински мотор на Ford е прогласен за меѓународен мотор на годината за 2013 година. Моторот на Ford со три цилиндри оваа награда ја освојува втора година по ред.
Штип, Струмица, Струга и Велес успешно го поминаа процесот на сертификација во рамки на проектот Сертификација со поволно деловно опкружување во ЈИЕ.
Амбасадорот на Шведска во Белград, Кристер Брингеус најави дека Икеа е на пат да основа претпријатие во Србија и дека ќе дојде наскоро, што ќе биде голема инвестиција од преку една милијарда евра.
Според податоците на Државниот завод за статистика, цените на угостителските услуги во мај во однос на април годинава бележат зголемување за 1,5%.
Во самиот клуб членуваат 30-тина ученици од училиштето НОВА од кој дел се деца на членови на Ротари клубот Камен Мост Скопје. Фокусот на Интеракт клубот е насочен кон промовирање на правата на децата.
Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија денес ќе биде домаќин на 36-от состанок на Европската банкарска федерација (ЕБФ).
Охридските земјоделци од денес имаат можност да добијат информации кои им се потребни за нивната работа, во новоотворената канцеларија за административни работи и стручна поддршка за развој на земјоделството.
Поради зголемената побарувачка во следната деценија, цените на храната ќе пораснат меѓу 10% и 40% на глобално ниво, затоа владите мораат да работат на зголемување на земјоделското производство.
Светски познатата германска компанија Staedtler Mars GMBH го одбележува своето 20 годишно присуство на македонскиот пазар. Staedtler на македонскиот пазар е присутен преку компанијата Еуро Данвест од Скопје.
Американскиот дневен весник Вашингтон пост (The Washington Post) од 12 јуни ќе почне со наплата на онлајн содржините и ќе понуди пакети за дигитална претплата на месечно ниво во износ меѓу 9,99 и 14,99 долари.
Најголемиот европски саем за енергетика Power Gen Europe, во Виена, на кој во изминатите три дена учествуваа најпознатите енергетски брендови од светот, меѓу кои и АД ЕЛЕМ завршува денес.
Туристичкиот сектор веќе ги чувствува негативните последици од протестите кои започнаа како мирен протест за спасување на Гези паркот во Истанбул. Откажани се преку 40% хотелски резервации, главно во Истанбул.
Во Куба официјално е дозволено отворање на 118 интернет кафулиња, во кои еден час користење на интернет чини 3,5 евра, што е премногу ако се земе во предвид дека најголемиот број Кубанци заработуваат до 15 евра месечно.
Во месец април годинава биле издадени вкупно 241 одобрение за градба, што е за 20,5% повеќе во однос на истиот месец претходната година, објави Државниот завод за статистика.