своите производи на деца помлади од 12 години, пренесува Wall Street Journal. Од компанијата најавија и дека на сите светски пазари ќе извади пијалоци без или со ниско количество на калории.
Кралската австралиска ковачница направи сребрена паричка во вредност од 5 долари, како и специјална монета од 20 центи, кои денес беа официјално претставени во Парламентот.
Бројот на корисници на услугите на Вип на крајот од првиот квартал од 2013 година надмина 626.000 корисници. Истовремено, Вип забележа и раст на пазарниот удел од над 28% со постојан раст на уделот на постпејд сегментот од околу 45%.
Откако веќе се повлече од Албанија, Меркатор до јуни ќе се повлече и од Бугарија. Претходно, словенечките медиуми пишуваа дека компанијата се повлекува од овие пазари затоа што не ги остварува планираните резултати.
Според раководителите на компаниите од областа на градежништвото, економската состојба во првото тримесечје од годинава е поповолна во однос на претходното тримесечје, како и во споредба со истиот период минатата година.
Автомобилот прогласен за Најдобар дизајн на годината од страна на списанието AutoDesign & Styling отсега ќе се вози и на македонскиот асфалт, благодарение на генералниот импортер за Škoda - Порше Македонија.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески информираше дека буџетот се наоѓа во добра кондиција, дека навремено се вршат сите исплати и се плаќаат достасаните обврски, а прелиминарните податоци покажуваат дека во април е остварен суфицит.
Дури една петина од испитаниците знаат колкави се платите на сите колеги од компанијата, додека 40% знаат само за платите на колегите со кои се блиски. Исто толку испитаници, 40% наведуваат дека немаат никаква информација за платата на своите колеги.
Од 1 јануари 2014 година Владата го враќа логото Да купуваме македонски производи, За наше добро Made in Macedonia и сонцето на фискалните сметки, а ќе биде прикажан и вкупниот промет од македонските производи
Македонски Телеком е на лидерското место со 72% пазарно учество во сегментот на фиксна телефонија и во делот на широкопојасниот интернет со удел од 54%, согласно со интерните податоци. Бројот на интернет корисниците е зголемен за 9%.
Под мотото Биди ментор, промени нечиј живот, во Скопје на 6 јуни ќе се одржи првата конференција за женско лидерство и развој преку менторирање во организација на Македонската мрежа на ментори и Американската Амбасада.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство апелира винарските визби да ги подмират своите обврски кон лозарите за откупеното грозје во претходните години и да ги достават извештаите за исплатата.
Во следните пет дена започнувајќи од вечерва, во организација на Веро центарот ќе се одржи фестивалот на виното. Посетителите, освен што ќе можат ги дегустираат домашните вина, ќе уживаат и во храната и музиката.
Министерот за економија Ваљон Сарачини се сретна со кинеска делегација предводена од генералниот менаџер на China construction first group corporation, Ши Кинг.
Европската авиокомпанија Ербас во првите четири месеци од оваа година имаше 493 нарачки, двојно повеќе од својот американски конкурент Боинг.
ПроКредит Банка соопшти дека ја завршила 2012 година со позитивни финансиски резултати и раст на кредитното портфолио, зајакнувајќи ја поддршката кон бизнис секторот и бележejќи континуиран раст во портфолиото кон овој сегмент и во време на забавена економска активност.
Познатата сендвичара Седмица зад грчката Канцеларија за врски доби привремена пломба и забрана за вршење дејност во следните 30 дена од страна на Управата за јавни приходи.
Јавениот оглас се однесува до невработени лица за вработување со субвенционирање, субвенционирање на вработување на деца без родители и родителска грижа, како и јавни огласи за кредитирање на невработени лица и кредитирање на правни субјекти - микро и мали претпријатија.
Од утре, 8 мај, во сите Телеком продавници низ Македонија ќе може да се најде најновото иновативно комуникациско решение на пазарот – последниот модел на паметниот телефон Samsung GALAXY S4.
Благодарение на подобреното економско опкружување и примената на мерките за сузбивање на измами, нивото на сива економија би можело годинава да биде најниско во последните 10 години, односно да падне на 18,5% вкупен БДП на ЕУ, Норвешка, Швајцарија, Турција и Хрватска.
Со цел да собере уште повеќе приходи, Facebook се реши на уште една новина - на почетната страна на најпопуларната социјална мрежа автоматски ќе се појавуваат рекламни видеа.
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и одобри на Босна и Херцеговина 51 милиони долари помош, откако се увери дека земјата ги држи своите финансии под контрола.
Неколку заинтересирани компании веќе најавија дека ќе ја посетат Македонија во летниот период за да ги проверат условите и информациите кои ги презентираа Македонските претставници.
Македонска Берза АД Скопје, Комисија за хартии од вредност на Република Македонија и Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје на 9 мај во хотелот Александар Палас во Скопје ќе организираат заедничка Конференција на македонскиот пазар на хартии од вредност 2013.