Финансии во износ од 25,1 милион евра и советодавни бизнис услуги ќе бидат на располагање преку Програмата за Западен Балкан за жени-менаџери на мали и средни претпријатија.
Телекомуникацискиот оператор ОНЕ ја збогатува својата понуда со три нови тарифни модели, а воедно и своето портфолио на телефони со единствениот iPhone.
Победија студентите Димитар Миновски и Кристијан Ѓорѓески со нивната идеја за „паметна” соларна пумпа за наводнување, наменета за земјоделие која се регулира преку интернет, а содржи и временска прогноза.
Мексиканската компанија America Movil на светскиот милијардер Карлос Слим достави понуда за купување на 45% од Telecom Austria.
Милан Самарџиски од ОУ Владо Тасевски, Геле Робев од ОУ Коле Неделковски и Ана Татабитовска од ОУ Димитар Миладинов се овогодишните добитници на целосни стипендии за четиригодишно школување во гимназијата НОВА.
Проект Кралство на маслинките: Словенец ќе гради луксузни хотели и вили на Брач за ултрабогати гости
Секоја вила чини десетина милиони евра, а Капетановиќ очекува гости да бидат екстремно богати луѓе, чие богатство не се мери со милиони, туку со стотици милиони долари. Целиот комплекс ќе биде сместен меѓу лозови насади и маслинови дрвја.
Компанијата Окта забележа бруто добивка во висина од 186 милиони денари, додека во истиот период лани таа изнесувала 69 милиони денари.
Комисијата за хартии од вредност, Македонската берза и Централниот депозитар за хартии од вредност денеска организираат конференција на македонскиот пазар на хартии од вредност.
Контролата на издавањето фискални сметки и работа на црно ќе биде зголемена 8-10 пати. Бројот на контролори ќе се зголеми за четири пати, па месечно ќе се прават и по две проверки, и попладне и за време на викенди.
Дирекцијата за заштита на личните податоци во партнерство со 13 осигурителни компании и две брокерски друштва денеска ја почнува кампањата “На сигурно си!“.
Министерството за економија денеска организира дебата на тема “Зајакнување на соработката меѓу домашните и странските инвеститори во Република Македонија“.
Катар ќе формира инвестициски фонд, преку кој пет големи компании ќе инвестираат во инфраструктурни и електроенергетски проекти, банкарскиот и други сектори во БиХ.
Велосипеди на расклопување стануваат се попопуларни бидејќи се практични за комбинирање со јавниот превоз и се едноставни за користење во сообраќајниот метеж поради се почестите кражби.
Преку овие нови соларни системи, многу номадски семејства конечно ќе можат да ги користат благодетите на модерниот живот.
Прометот во индустријата, во март оваа година во однос на истиот период лани, бележи пораст од 13,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Народната банка на Република Македонија останува на претходните проекти за раст на БДП од 3,7% за 2014 и 4,4% и за наредната година, покажува најновиот квартален извештај.
Продажните цени на производителите на индустриски производи, и на домашен и на странски пазари, во март оваа година, се повисоки за 0,5% на месечно ниво.
Средните македонски компании, кои влегоа во втората фаза на либерализација на пазарот на електрична енергија и потпишаа договори за снабдување со Energy Delivery Solutions
Цените во земјоделството во април оваа година, во однос на истиот месец од претходната година, кај тековно потрошените средства во земјоделството се намалени за 4,5%.
Во текот на првиот ден од Сараево бизнис форум (СБФ) е потпишан договор за создавање земјоделски корпорации во рамки на кои би биле отворени стотина илјади работни места во регионот.
Декоративните елементи за уредување на домот и ексклузивниот мебел, како и осветлувањето, ќе бидат на попуст од 10% до 70%.
Шест вински сомелиери, претставници на најрелевантниот вински магазин Декантер за централна и југоисточна Европа, ги посетија македонските винарии.
Собраниот амбалажен отпад ќе го собира и мери во тежина ЈКП Тетово, а по доплнителното селектирање и сортирање на истиот, амбалажниот отпад ќе се рециклира наместо да заврши на депонија.
Македонската компанија е членка на големата групација Сава Ре чие седиште е во Словенија. Се работи за втората по големина групација за осигурување во регионот која забележа пораст на премијата од 43% во споредба со претходната година.










