Поради поплавите во источниот дел на Хрватска, Управата на Хрватски автопатишта викендов донесе одлука за ослободување од плаќање на патарина за возилата кои учествуваат во евакуација на населението и кои превезуваат хуманитарна помош.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески изрази подготвеност на владина седница да се отвори прашањето околу наплатата на Данокот на додадена вредност (ДДВ) на телефонските донации за хуманитарна помош.
Институтот за телекомуникации при Факултетот за електротехника и информациски технологии, денеска ја организираше работилница од областа на телекомуникациите FutureComNet 2014.
Научниците тврдат дека нивниот билборд прочистил околу 500.000 кубни метри воздух за една недела, елиминирајќи 99% од штетните бактерии и честички во воздухот.
Металургијата во Македонија се соочува со сериозни проблеми, производството е со постојани прекини, приликите на пазарот не се поволни.
Македонската компанија Пелистерка се приклучи кон повиците за помош во Србија и испрати 10 камиони со повеќе од 225.000 литри од оваа течност во најзагрозените подрачја.
Цените на бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат, додека цената на дизелот останува иста.
Во присуство на соработниците и семејствата на децата менаџментот на градинката го прослави патронатот.
Хрватска и Србија, а најверојатно и Босна и Херцеговина, ќе аплицираат за помош од Европската унија за санирање на последиците од катастрофалните поплави.
Даночната управа при хрватското министерство за финансии соопшти дека на местата погодени со поплавите нема да ги санкционира граѓаните кои не се придржуваат до Законот за фискализација.
Тема на разговорите што Мисијата ги имаше со надлежните во земјата за време на престојот беше Пост-програм мониторинг (ППМ).
Целосна проценка на материјалната штета се уште нема, но претседателот на Република Српска, Милорад Додик вчера изјави дека само на подрачјето на овој ентитет, штетите се повеќе од 500 милиони евра.
Народна банка на Србија (НБС) ги повика сите банки да покажат солидарност и да не наплаќаат провизија за уплата и пренос на средства oтворени заради помош на загрозените од поплавите.
Целта на презентациите е бизнис заедницата да се запознае со актуелностите во врска со спроведувањето на Договорот и можните бенефити што ги очекуваат со исполнувањето на обврските и роковите.
Водостојот на реката Сава и понатаму е екстремно висок, споро опаѓа и тешко е да се процени кога ќе се смири состојбата. Евакуацијата и понатаму трае.
Оваа апликација генерира повеќе од 50.000 производи кои се дел од понудата на сите e-shop продавници во светот, со сите нивни карактеристики и цени.
“Водата ги однесе и пченката и пченицата, народот остана без ништо – како што седеа во куќите, така мораа да бегаат од водата”, вели министерот за вонредни ситуации на Србија, Велимир Илиќ.
Станува збор за проект со вкупна вредност од 15,8 милиони евра. Првите производи од новите линии на пазарот се очекуваат на почетокот на 2015 година.
Она што треба да го направат посетителите е да постават hashtag #PictureHouseLondon и #PictureHouseLeeds и да објават фотографија на еден од своите профили.
ING, Akbank и Islamic lender Bank Asya се првите кои изјавија дека ќе ги избришат позајмените долговите на рударите кои загинаа во несреќата што се случи на 13 мај.
ЕВН Снабдување за малите бизнис корисници кои ќе излезат на слободниот пазар од први јануари идната година подготвува ценовни продукти со многу поволности.
Инвестицијата вредна 2,7 милиони евра ќе биде лоцирана во трансформаторската станица Скопје 5 во населбата Бутел.
Казната е до 17.000 евра, а заштитната мерка е забрана за извршување на дејноста во траење од шест месеци до две години и јавно објавување на пресудата.
Oваа мала балтичка земја е прва од земјите членки на Европската унија која воведува ваква забрана што се однесува само за малолетници.











