Чен за медиумите изјавил дека има закажано средба со акционерите на 5 јануари во Њујорк. Издавачот на New York Times демантира дека весникот е на продажба.
Во 2013 година, во однос на 2012 година, индексот на цените на мало бележи пораст од 1,3%, а индексот на трошоците на животот бележи пораст од 2,8%.
НЛБ Тутунска банка информираше дека извршила намалување на каматните стапки на кредитните продукти за физички лица и депозитните продукти за физички лица и правни лица.
Американската козметичка групација Revlon одлучи да се повлече од кинескиот пазар, согласно планот за реструктуирање, кој би требало да донесе заштеди од 11 милиони долари годишно.
Целиот проект е предвидено да чини 70 милиони евра, пари кои се обезбедени од Банката на Советот на Европа. Изградбата на објектот е предвидено да трае три години.
Вкупно 140 милиони евра се предвидени оваа година за поддршка на земјоделството, соопштуваат од Министерството за земјодество, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
Согласно намалувањето на референтната стапка, Стопанска банка АД – Скопје направи соодветно намалување на каматните стапки на денарските кредити за население. Следејќи го ова намалување, Банката ги прилагоди и каматните стапки на денарските и депозитите во странска валута.
Аеродром Загреб го презеде француски концесионар, кој до 2015 година сака да го зголеми прометот за еден милион патници. За да ја исполни оваа цел, на Плесо ќе треба да доведе нови авиокомпании, што е директна конкуренција за националниот авиопревозник.
Реализација на капиталните инвестиции, вложувања во енергетиката, инфраструктурата, зголемување на извозот, освојување нови, алтернативни пазари и соработка со земјите од Кавкаскиот регион, Блискиот Исток, Заливот и Магреб, се само дел од сугестиите на бизнис секторот за раст на економијата во 2014 година.
Со оваа инвестиција, во која се вложени над еден милион евра, значително ќе се подобри доверливоста на електроенергетскиот систем, напонските прилики и снабдувањето со електрична енергија во четири општини во овој дел на скопскиот регион.
Од вчера, бугарските и романските работници можат слободно да работат во било која земја членка на Европската унија, затоа што истече седумгодишниот период во кој можеше да им се воведат ограничувања.
Според Агенцијата за храна и ветеринарство, за околу 80% од производите рекламирани во медимите, не се точни тврдењата дека имаат поголема нутритивна вредност, повеќе калциум, железо, магнезиум, растителни влакна, калории или помалку шеќер.
Владата побара да и се достават информации за платите на сите нејзини претставници во јавните претпријатија, управи и агенции во кои нема мнозински дел.
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, по повод новогодишните празници има нов возен ред.
Овластените здруженија за давање на бесплатна правна помош, во текот на 2013 година, обезбедиле бесплатна правна помош за повеќе од 1.000 сиромашни граѓани.
Данскиот произведувач на пиво Carlsberg, четврт по големина во светот, купи осум пиварници од кинеската компанија Chongqing Beer Group, со цел да го зголеми присуството на кинескиот пазар.
Цената на овој 110 инчен телевизор е неверојатни 152.000 долари.
Трајко Кузмановски од Куманово е првиот добитник на стан во Скопје, Димитар Миладинов од Струга беше добитник на деловниот простор, а автомобилот Пежо 206 го доби Панде Мановски од битолското село Буково.
Ивица Тодориќ и неговиот концерн Агрокор за една недела, без банките, успеаја да соберат дури 112 милиони евра за преземање на Меркатор.
За половина денар за еден литар од полноќ се зголемуваат малопродажните цени на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, одлучи на последната седница Регулаторната комисија за енергетика.
Министерството за транспорт и врски соопшти дека автобуски карти за меѓуградски и меѓународен превоз од 22 февруари 2014 година ќе можат да се купуваат преку интернет.
Германскиот произведувач на автомобили Audi објави дека во периодот до 2018 година, ќе инвестира 22 милијарди евра во нови модели, погони и технологија.
Врз база на анализите и проекциите за економски раст за 2014 година, Сојузот на стопански комори очекува раст од над 3,5%.
Царинската управа воспостави нов компјутерски транзитен систем кој ќе овозможи поедноставна постапка со скратување на трошоци и време за претпријатијата. Новиот систем ќе почне да се употребува од 1 јануари 2014 година, а ќе биде задолжителен за сите компании од 1 март.











