Комисијата за заштита на конкуренцијата во Бугарија казни два малопродажни синџири, Lidl и Billa, поради измама со рекламни кампањи. Казните за двете фирми се 435.000 евра.
Шимшек минатата недела одржа телеконференција со странските инвеститори ширум светот со намера да го спречи негативното влијание на актуелните случувања врз економијата.
Донација во постелнина, односно јоргани, перници и друго добија децата од социјално загрозените семејства кои престојуваат и учат во интернатот Гоце Делчев во Љубанци. Донацијата е на комапниите Coincasa и @Home.
Nissan, кој веќе ги обезбеди со такси возила Њујорк, Барселона и Токио, соопшти дека возилата ќе бидат на улиците до крајот на годинава.
Доколку се реализира оваа негова желба, инвестицијата ќе биде повеќе од двојно поголема од вкупниот српски капитал внесен во Хрватска.
За во 2014 година, Ставрески посочи дека очекува влез на уште 20 светски компании на македонскиот пазар, кои ќе креираат неколку илјади нови работни места.
Над 72.000 парчиња разновидна стока која Царината ја одзела на граничните премини ќе им биде донирана на социјално загрозени граѓани.
Досега за изградба на приватни детски градинки во Деталните планови на општините се предвидени 23 локации ширум Република Македонија, како и 14 објекти кои би можеле да бидат искористени за оваа намена.
Зголемена е свеста за купување преку интернет во Македонија, но од друга страна се уште има граѓани кои се скептични кон овој тип набавка на производи, пред се поради интернет измамите.
Врз основа на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Законот за медиуми, Советот за радиодифузија на Република Македонија се преименува во Агенција за аудиовизуелни медиумски услуги.
Побарувачката на домашни државни хартии од вредност од страна на странските инвеститори на пазарот на капитал е доказ за стабилноста на македонската економија.
Ford тврди дека овој систем го следи движењето на сонцето од исток кон запад, црпејќи доволно енергија од сончевите зраци, а акумулаторот се полни за четири часа.
Анализирано по типови на домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца е 23,8%.
Единствено за корисниците на Mini Boom TV и оние кои се корисници само на дигитален приемник од ОНЕ, новите филмски канали Fox и Fox Movies ќе бидат достапни во дополнителниот пакет Fun.
За 0,25 процентни поени намалени се каматните стапки за одредени ненаменски потрошувачки кредити, кредитите достапни преку соработници, кредитните картички, пречекорувања на трансакциска сметка, кај кои каматната стапка ја надминува законската казнена камата.
Водечките рејтинг агенции кои работат во Европа, од оваа година мораат да објават детални календари кога ќе ја известат јавноста за своите нови проценки на кредитниот рејтинг на државите.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во декември 2013 година, во споредба со ноември 2013 година, остана на исто ниво.
На 4 јануари воопшто нема да сообраќаат возовите со броеви 2082 и 2083 кои возат на релација Скопје-Велес-Скопје.
Оваа година на Божиќниот ручек ќе присуствуваат 400 деца од Скопје, Ресен, Битола, Штип, Струмица и Прилеп. На заедничка трпеза ќе седнат деца без родители, деца на бранители, деца со посебни потреби, како и деца-членови на Детската амбасада за сите деца на светот.
За 30% поевтинија дневните билети за студентите од државните и приватните факултети во ски-центарот Заре Лазаревски во Маврово.
Просечната цена за квадрат во Загреб изнесува 1.565 евра, а најскапите квадрати се во централното градско подрачје, каде метар квадратен се продава за 2.202 евра.
Италијанскиот произведувач на автомобили Fiat објави вчера дека постигнал договор за преземање на преостанатите акции на американски Chrysler за 3,65 милијарди долари во вид на исплата на еден синдикален фонд.
Лајонс клубот Св. Пантелејмон организира хуманитарна акција во која ќе подели 30 пакети со храна на семејства од ранливите категории.
Македонското земјоделство постигна задоволителни резултати, но останува уште работа за поагресивно освојување на нови пазари, особено во оние држави каде не се чувствуваат последиците од глобалната економска криза.