Airbus, еден од светските производители на авиони, го обнови договорот со својот логистички партнер Kuehne + Nagel до 2016 година.
Светската банка на општина Охрид и одобри кредит од два милиони евра, со период на отплата од 5 години и грејс период од една година.
Што се однесува до следните активности, Каргов најави набавка на радари и камери за снимање на далечина до 10 километри за потребите на граничните линии на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро, која треба да се случи до крај на оваа година.
Телекомуникацискиот оператор ОНЕ и донара на Македонската Филхармонија компјутерска опрема за полесно извршување на административните обврски
Од обложувалниците членки на ССК појаснуваат дека играчите на игрите на среќа нема да имаат обврска добивките од спортската обложувалница да ги пријавуваат во своите годишни даночни пријави во УЈП, ниту пак обложувалниците ќе им издаваат потврда за тоа.
Светскиот лидер во детска едукација Helen Doron продолжува да ја шири мрежата на центри низ Македонија. Деновиве се отвори нов центар во Карпош, кој со работа започнува од 15 јануари, а уписите се веќе во тек.
Се подготвуваат проекти во вредност од над 600 милиони евра, кои ќе отворат најмалку 8.500 работни места во автомобилската индустрија во Бугарија, изјави министерот за економија Драгомир Стојнев.
Поради невообичаено високите температури, пчелите се збунети и дезориентирани и излегуваат од кошниците мислејќи дека е пролет.
Автомото сојузот на Македонија од денеска ќе започне со проектот SENSOR за безбедносна проценка на автопатските рути во Југоисточна Европа (ЈИЕ) и Македонија.
Даночната управа на Србија објави список на најголемите должници во стопанството, според кој, меѓу активните претпријатија, прва на списокот е Застава оружје од Крагуевац со долг поголем од 56 милиони евра.
Управување со отпадот, проблемите кои настануваат, како и многу прашања од комунален карактер беа тема денеска на работната средба меѓу претставниците на Министерството за животна средина и просторно планирање, Регионалниот центар за управување со отпад и од локалната самоуправа.
За да се намали бројот на нерегистрирани возила кои сообраќат по улиците, Министерството за внатрешни работи донесе новина според која на секое новорегистрирано возило треба да му се лепи налепница за извршена регистрација.
Американскиот инвестициски фонд WAB Capital предаде понуда за преземање на словенечки Елан. За Елан има пристигнато уште една понуда од засега непозната европска компанија, пишува љубљански Дневник.
"Сакам да ставам крај на шпекулациите околу моето заминување во Microsoft затоа што немам никакви други планови освен да му служам на Ford"
Кинеската банкарска регулаторна комисија објави дека годинава ќе одобри пробна работа на меѓу три до пет приватни банки, во рамките на реформите на секторот кој досега беше под строга контрола на државата.
Од донесувањето на законските измени за регистрација на тракторите, до сега во Македонија регистрирани се 8.000 трактори.
Инвестицијата е во вредност од седум милиони евра. Фабриката ќе биде изградена според највисоки стандарди и ќе биде опремена со најсовремена технологија.
Француски L'Oréal соопшти дека повеќе нема да го продава својот водечки бренд Garnier на кинескиот пазар. Оваа одлука следува една недела по одлуката на американски Revlon да се повлече од Кина.
Од поднесени 10.467 барања за легализација на дивоградби во општина Штип, скоро половина, поточно 4.920 барања се одбиени поради недостаток на еден од документите, најчесто елаборат.
Хрватската влада даде согласност Националниот парк Бриони да плати консултанти кои до есен ќе помогнат да се најде инвеститор кој осторовот Големиот Брион ќе го лансира во врвот на светскиот туризам.
Дирекцијата за заштита на лични податоци, Балкан енегџи груп (БЕГ), ЕВН Македонија, ЈП Водовод и канализација, како и ЈРП Македонска радио телевизија, започнаа заеднички проект за ажурирање на податоците на своите корисници
Француската група Lactalis, најголемиот европски произведувач на млеко и млечни производи, постигна договор за преземање на целосна контрола врз индиската Tirumala Milk Products за сума меѓу 200 и 300 милиони долари, јавува Ројтерс.
Неодамнешниот договор на Fiat за контрола над американски Chrysler ги разбуди стравовите од намалување на присутноста и ангажманот на италијанскиот произведувач на домашниот пазар и намалување на работните места.
Министерството за здравство денеска распиша тендер за реконструкција и адаптација на постојниот здравствен објект во Кичево, кој треба да прерасне во нова современа општа болница со цел задоволување на потребите на 70.000 жители кои живеат во регионот