Џивеи најави дека во следниот период, кинеските бизнисмени ќе дојдат во Македонија за поблиску да се запознаат со условите за инвестирање во сточарството, посебно во делот за одгледување на овци.
Македонија е рангирана на 43 место од 184 земји во светот според индексот на економски слободи за 2014 година, што заеднички го објавија Фондацијата Херитиџ и Волстрит Журнал.
На иницијативата на Lyons клубот од Цеље и се придружија трговските ланци Меркатор, Туш и Шпар, кои секој ден ја предаваат храната на активисти која понатаму се дели во Цеље, Марибор и Трбовље.
Воведување на едношалтерски систем во Агенцијата за електронски комуникации и распределба на приходите на универзалната услуга се новините во новиот Закон за електронски комуникации, кој од 11 јануари е ставен на веб страната на ЕНЕР.
На 27-ми јануари ќе се одржи второто извлекување од наградната игра Фискална во рака - награда без мака. Право на учество имаат сите фискални сметки издадени по 15 ноември, кога почна наградната игра, а ќе може да се испратат по пошта за половина цена.
Новата банкнота од 10 евра ќе биде пуштена во оптек на 23 септември.
Од први февруари започнува задолжителното користење на веб порталот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија од сите фирми за пријавување и одјавување во здравственото осигурување.
Малопродажната цена на бензините и екстралесното масло за домаќинство се намалуваат за еден денар, додека дизелот поевтинува 1,5 денари за литар
Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија најави дека во текот на оваа година ќе излезе со Бела книга, во која ќе бидат содржани низа предлози за унапредување на бизнис климата.
Најдобри резултати даваат мерките кои се преземани за самовработување, односно 5.806 лица се досега финансирани за да започнат сопствен бизнис. Најчести бизниси во кои луѓето одлучуваат да се самовработат се угостителството, услужните дејности, производството, градежништвото.
Просечниот годишен раст на потрошувачките цени во 2013 година бил 7,8%.
Над милион патници минатата година ги користеле услугите на македонските аеродроми што претставува зголемување за 17,4% во споредба со 2012 година
Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0,7% на месечно ниво, а пониски за 2,1% на годишно ниво.
Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 18,2%, а продажбата од сопствено производство на претпријатијата е намалена за 3,2%.
Наша цел е да се наметнеме на македонскиот пазар со квалитетни производи бавно, но сигурно. Не се плашиме од конкуренцијата и убедени сме дека вкусот на нашите производи ќе им се допадне на македонските купувачи.
Народната банка на Република Македонија (НБРМ) укажува дека функционирањето на супервизорските колеџи е редовна практика за ефективна банкарска супервизија на меѓународните банкарски групации.
Работодавците сигнализираат дека "немаат информации за преземени радикални активности за намалување на административните режими, но и за подобрување на практиките за нивно спроведување".
Во првите 10 месеци од 2013 година, според податоците на Државниот завод за статистика, има значително подобрување на состојбата со туризмот во Македонија.
Германскиот произведувач на автомобили Audi, на CES саемот во Лас Вегас го претстави сопствениот 10,2 инчен таблет Audi Smart Display специјално наменет за користење во автомобили, со Tegra 4 процесор на Nvidia, а работи на посебно прилагоден Андроид ОС.
Запрашан до кога мисли дека граѓаните ќе и веруваат на збор на Владата дека ќе има инвестиции, со оглед на тоа дека невработеноста надмина 370.000, БДП-то и натаму е во минус, Врдољак одговори дека оваа година ќе биде пресвртница.
Македонските вина, овошје и зеленчук ќе бидат промовирани на саеми во САД, Кина, Москва, Германија, Литванија, Полска, Швајцарија, Холандија и Словенија.
Становите ќе можат да се купат во готово или со уплата на 30% од проценетата вредност на станот, а останатите средства да се исплатат на 240 рати.
Министерството за здравство започна постапка за набавка на нова оперма за јавните здравствени установи. Новата опрема вкучува три апарати за компјутерска томографија, два акцелератори, и по еден ангиограф, мамограф и дигитален рентген апарат.
Пред неколку месеци, социјалната мрежа Facebook најави дека ќе го намали бројот на формати на огласи, меѓу кои се наоѓаат и спонзорираните приказни. Сега го објави и официјалниот датум кога тоа ќе се случи - 9 април 2014 година.











