Бугарската влада ќе крати 10% од вработените во јавната администрација следната година, потврди премиерот Пламен Орешарски. Тој и вицепремиерот Даниела Бобева појаснуваат дека кратењата се должат на ограничениот буџет, пишува Днес.
Дело последните четири години работи со загуба. Минатата година загубата изнесуваше 2,2 милиони евра, а издавачката куќа забележа пад на приходот од 19%, на 46 милиони евра.
Министерството за економија денес ќе ги прогласи најдобрите четири бизнис-планови во рамки на проектот Организирање натпревар за започнување бизнис.
Привремената забрана за увоз се однесува на српските произведувачи на сокови Вино Жупа Александровац и Таково Горњи Милановац, Вита Витаминка од БиХ и Либерион од Подујево, Косово.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 1,9% на месечно ниво, а пониски за 1,3% на годишно ниво.
На врвот од планината Јабланица ќе се гради жичница долга околу 3,5 километри, за што деновиве ќе биде распишана и тендерската постапка.
Пред руралните жени од Полог ќе биде презентирана главната можност за вработување, собирањето на диви билки, шумски плодови и печурки, растенија кои се во изобилие присутни во планините и шумите на Полог.
Mинистрите за земјоделство на Република Македонија и Руската Федерација Љупчо Димовски и Николај Фјодоров вчера во Москва одржаа средба во пресрет на меѓувладината македонско – руска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка.
Филипини воспоставија единствен начин на оценување на квалитетот на рестораните – според плаќањето на данокот, а не според квалитетот на храната.
Израелската фармацевтска компанија Teva Pharmaceutical Industries, најголемиот произведувач на генерички лекови во светот, планира да отпушти 10% од вработените и до крајот на 2017 година да заштеди две милијарди долари.
Во првата фаза во трговијата со струја ќе бидат вклучени Србија, Црна Гора и Македонија, а подоцна би се вклучила Унгарија и преку неа Полска, Словачка, Романија и други земји од регионот.
Изградбата на новите автопати Скопје - Свети Николе - Штип и Кичево - Охрид ќе биде реализирана со исклучитено поволен кредит преку кинеската Ексим банка, со рок на отплата од дваесет години, пет години грејс период и каматна стапка од 2% поени.
Рокот за поднесување апликации за добивање земјоделски субвенции кои се однесуваат за полјоделство, сточарство и аквакултура, односно рибниот фонд, ќе биде продолжен до 20-ти октомври годинава.
Albafone, четвртиот мобилен оператор во Република Македонија, соопшти дека во петок официјално стартува со работа.
Кинескиот произведувач на автомобили Dongfeng планира да вложи 1,2 милијарди евра во француската компанија PSA Peugeot Citroen, со што би стекнал 30% сопственост од капиталот, пишува Financial Times.
Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ќе гради нов антенски систем за контрола и мониторинг на радиофреквенции за територијата на целата држава.
Иновативните бизниси, развојот, лидерските способности и човечките ресурси ќе бидат темите на кои ќе се диксутира на вториот и завршен ден на глобалниот инвестициски самит на Македонија 2025.
Кинескиот гигант Lenovo, по неколку промашени преземања на пропаднати ривали, конечно размислува за мудра аквизиција, односно планира да го купи тајванскиот HTC.
Организацијата Македонија 2025 наскоро ќе започне да бара инвеститори за фондот што треба да го финансира дијаспората, а чие формирање беше најавено на минатогодишниот Глобален инвестициски самит во Охрид.
Албанскиот министер за економски развој, Арбен Ахметај изјави дека државата кон домашните бизнис компании има долг од 600 милиони долари.
Вториот круг на приватизација, како што го нарекуваат во хрватската влада, ќе биде поделен во две фази. Во првата ќе влезат девет претпријатија, а во втората фаза следната година на странски инвеститори ќе им се понудат уште 19 фирми.
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески при вчерашната посета во Струга најави дека една од вкупно 13-те туристичко-развојни зони во државата ќе биде изградена на брегот од Охридското Езеро во селото Калишта.
Јелен ќе биде првата жена на чело на Фед, а имајќи ја в предвид нејзината тенденција да се фокусира повеќе на вработувањата, а помалку на инфлацијата, економистите очекуваат таа да продолжи со политиката на нејзиниот претходник.
Очекувањата на Народната банка на Република Македонија (НБРМ) за економскиот раст од почетокот на годината се истиот да продолжи, но да биде нешто понизок од 3,9%, колку што изнесуваше во вториот квартал.