Македонија има навистина голем потенцијалот за инвестирање, а инвеститорите се веќе запознаени со географската положба, довербата што се гради и транспареноста.
Македонската компанија со украински партнер Мастер Гаспром ќе влезе на македонскиот пазар со гас.
Берза Агро, првата хрватска берза за земјоделски производи ќе почне да работи во Осиек, по основачкото собрание што е закажано за 12 октомври. Задачата на берзата ќе биде да им помогне на хрватските земјоделци во подобрување на пласманот на своите производи.
Фондацијата Тиквешки вински пат во соработка со Министерството за економија и Кластерот за туризам го спроведува проектот Науката и праксата - пат кон успехот.
Египет би можел да постави безбедносни камери на местата каде што има туристи за да ги одврати милитантите од напади врз посетителите, изјави портпаролот на министерството за внатрешни работи Хани Абдел Латиф.
Во пожар кој во текот на ноќта избувнал во текстилна фабрика во предградие на Дака, Бангладеш, загинале најмалку девет лица, од кои тројца се менаџери.
Фармацевтска компанија Продис, членка на руската Протек Груп, почна да ги извезува своите производи на украинскиот пазар. Првиот извоз во Украина изнесува околу 70.000 евра.
Банка на Словенија ги намали прогнозите за раст на економијата, најавувајќи подлабока и подолга рецесија од очекуваната и не ја отфрли можноста Словенија да побара меѓународна финансиска помош.
Како што објасни првиот човек на националниот турски авиопревозник, новиот аеродром ќе има капацитет од 150 милиони патници.
Министерот за економија Ваљон Сарачини денес ќе отпатува во дводневна работна посета на Турција каде ќе оствари средби со стопанственици – потенцијални инвеститори од оваа земја.
Повеќе од 350 учесници од повеќе земји во светот денес и утре во Охрид ќе разговараат за можностите за поголема економска соработка на вториот Глобален инвестициски самит што го организира Македонија 2025.
Основната цел на новите прописи за тутунски производи е да се одвратат младите од идејата да запалат цигара. Еврокомесарот за здравство Тонио Борг очекува во следните пет години бројот на пушачи да се намали за 2%.
Во организација на фондацијата Конрад Аденауер и тинк-тенк организацијата Аналитика, денес во Скопје ќе се одржи конференција на тема Енергетска сиромаштија во Македонија и регионот
На настанот ќе земат учество 50 успешни компании, институции и организации кои ќе имаат можност директно да се претстават пред амбициозни млади личности од државните и приватните универзитети/факултети, како и од средните училишта.
Според очекувањата на банкарите, во наредниот период кредитирањето на компаниите, со оглед на најавите за поголема економска активност, треба да се зголеми.
Платите во јавниот сектор во Србија поголеми од 525 евра ќе се намалат за 20%, а оние над 875 евра ќе се намалат за 25%, најави министерот за финансии Лазар Крстиќ.
Шпаркасе Банка во својата понуда воведува два нови пакета С и М наменети за физички лица.
Општина Илинден распиша конкурс за избор на идеен проект и изработка на основен проект за изградба на семејни станбени куќи на локалитетот Јака.
Министерството за труд и социјална политика, МАПАС и двете пензиски друштва со поддршка на Министерството за образование и наука ќе вршат обуки на студенти и ученици од завршните години, од 75 средни училишта.
Поранешниот шеф на италијанската дипломатија Франко Фратини објави дека прифатил да биде советник на првиот потпретседател на српската влада, Александар Вучиќ, со цел да ја зајакне европската перспектива на Србија.
Комисијата за хартии од вредност (КХВ) трајно и ја одзема дозволата за вршење на услуги со хартии од вредност на брокерската куќа Мој брокер АД Скопје.
На овој свечен настан што на 17 октомври ќе се одржи во хотел Александар Палас, ќе бидат доделени сертификати и благодарници на околу 300 претприемачи, менаџери и ментори кои изминатата година беа дел од програмите на CEED Македонија.
На предната страна на редизајнираната банкнота се наоѓа ликот на Бенџамин Френклин, а на задната Салата на независноста во Филаделфија.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во септември 2013, во однос на август 2013, изнесува 100.2, а во однос на септември 2012 изнесува 101.6.










