Според податоците на Државниот завод за статистика, во август годинава се издадени 140 одобренија за градење, што е за 48,5% помалку во однос на август 2012.
Хрватското министерство за море, сообраќај и инфраструктура вчера објави тендер за давање под концесија на хрватските автопатишта, со проценета вредност од 2,95 милијарди евра, а рокот на достава на пријави е 15 ноември.
Во рамките на Глобалниот Инвестициски Самит за Македонија, денеска во Скопје ќе се одржи Работилница за претприемништво, на која се пријавени 150 млади професионалци, претиприемачи, менаџери и извршни директори.
Од ноќеска на полноќ се намалуваат цените на нафтените деривати во просек за 2,79%.
Акцентот беше ставен на секторот енергетика, условите во технолошко-индустриските развојни зони и брзите, ефикасни постапки за отворање и водење бизнис кои ја рангираат Македонија меѓу државите со најниски трошоци на ова поле во Европа.
Слободен увоз на суровина преку целата година наместо оптоварувања со царини и прелевмани, бараат компаниите од конзервната индустрија.
ОНЕ најави голема наградна игра, во која главна награда е автомобилот MINI ONE, а ќе се делат телевизори Sony Bravia 32 секој ден и Sony 3 LED еднаш неделно.
Последниот негативен резултат е последица на неуспешниот обид со моделот HTC One да вратат дел од корисниците. Според аналитичарите, иако продажбата оди солидно, тоа не е доволно да се поправат финансиските резултати, затоа што маркетинг и производствените трошоци ги надминуваат приходите од продажбата.
Најбрзо растечкиот турски бренд и лидер во текстилната индустрија, LC Waikiki, денес во Скопје Сити Мол ја отвора својата прва продавница во Македонија, која се простира на површина од 1.100 метри квадратни.
Најголемата турска групација во прехранбената индустрија, Yildiz Holding, минатата недела продаде 20% од акциите на подружницата Ülker на 44 странски инвеститори за 431 милиони долари.
Руската нафтена компанија Газпром не размислува за влез во ИНА, но поради тоа што е заинтересирана за малопродажба во близина на рафинеријата во Панчево, би можела да размисли за купување на бензинските пумпи на оваа хрватска нафтена компанија.
Во Технолошко-индустриската зона Скопје 1 во Бунарџик, денес ќе биде поставен камен-темелник на вториот објект италијанската компанија Текнохозе, во кој ќе се произведуваат хидраулични спојки за армирани гумени црева за висок притисок.
Компанијата Макпрогрес, својата палета од брендот кондиторски производи Винчини ја збогати со нови вкусови.
Потенцијалните купувачи особено се заинтересирани за високо заштитените сервери и портфолиото на патенти на BlackBerry, иако постои сомнеж околу вредноста на имотот, велат извори за Ројтерс.
Според соопштенито на Управата за јавни приходи, некои од обврзниците и покрај најавените контроли за време на викендите и во вечерните часови, воопшто не издаваат фискални сметки во периодите надвор од работното време на администрацијата.
Америкската Citibank размислува за поголем ангажман на Балканот, особено во Србија, изјави директорот на претставништвото на банкарската групација Citi Group во Белград, Предраг Радовачки.
Првата награда на меѓународниот повик, што беше организиран од Skopje Design Week и винарската визба Тиквеш, припадна на креативното решение на Дијана Димитриевска.
Делегација на бизнисмени од германската покраина Баварија денес ќе престојуваат во Македонија, каде се очекува да остварат Б2Б состаноци со македонските компании.
Со цел да им излезе во пресрет на љубителите на спортот и спортските содржини операторот Boom TV ја збогатува својата програмска шема со уште еден атрактивен спортски канал, Sport Кlub 3.
На тендерот за рехабилитација на железничката пруга од Куманово до Бељаковце во должина од 30 километри, понуди доставија вкупно осум компании, од пријавените 16.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во септември 2013 година, во споредба со август 2013 година, остана на исто ниво.
Продажната цена не е позната, но според пишувањето на Финанце, и минимален износ е прифатлив за Телеком Словенија за да се ослободи од компанијата што и носи загуби. Досега словенечкиот оператор не спомена имиња на потенцијални купувачи.
Во надворешно-трговска размена, во првите осум месеци од годината Република Македонија го намалила дефицитот за 66,6 милиони долари во однос на истиот период лани, што се должи порастот на извозот.
Контролите на УЈП спроведени минатиот месец покажуваат дека 65% од деловните објекти прикажувале нереални финансиски показатели и со тоа директно го оштетиле буџетот.