Владата во наредните денови ќе одреди кои технички мерки се потребни за да се забрза исплатата на приватните фирми кои и пружале услуги на владата.
Народната банка на Република Македонија (НБРМ) донесе одлука за намалување на каматната стапка на благајничките записи за 0,25 процентен поен, на 3,25%.
Трите мобилни оператори во Република Македонија Т-Мобиле, Оне и Вип ќе добијат одобренија за користење радиофреквенции од четвртата генерација на мобилни комуникациски услуги.
Од 1 јануари годинава, според регулативата на ЕУ, произведувачите на автомобили мораат да го користат средството за ладење R1234if кое предизвикува помало загадување, но компанијата DaimlerChrysler и понатаму се држи до старото средство R134a.
Преку платформата Тинекс, ти и јас компанијата Тинекс склучи договор за соработка со Здружение за поддршка и помош на социјално исклучени и сиромашни лица Храна за сите - БХМ.
T-Home и T-Mobile вчера објавија проширена програма за дополнителни поволности на лојалните корисници, во која се вклучени и неколку познати трговски компании во државава.
Компанијата Obermeyer Hellas Ltd и Македонски железници - Инфраструктура денес ќе потпишат договор за изработка на основен проект за пругата Бељаковце - Крива Паланка, која е дел од Коридорот 8.
Во првата половина од годинава BMW продале 954.521 возила, што е за 6% повеќе во однос на истиот период минатата година.
Хрватскиот концерн Агрокор потпиша договор за купување на 109 возила Фиат 500L од компанијата Фиат автомобили Србија (ФАС).
Македонските и бугарските бизнисмени ќе настојуваат значително да се подобри меѓусебната трговска размена преку заеднички инвестиции во производни погони и да се освојуваат трети пазари.
Плива е убедлив лидер на фармацевтскиот пазар во Хрватска со преку 440 милиони евра приход во 2012 година, што е раст за 20% во однос на годината претходно.
Телекомуникацискиот оператор ОНЕ се здоби со сертификат на усогласеност со ISO 20000:2011 и ISO27001:2005 - два стандарди за управување со IT сервиси и безбедност на информации.
За три години, Русија ќе ја добие првата пловечка нуклеарна централа која ќе може да ги снабдува со енергија тешко достапните реони, како и со вода за пиење во сувите области.
Новите каматни стапки на кредитните и депозитните продукти се однесуваат на сите постојни и новосклучени договори за кредити и депозити.
Македонија ќе почне да извезува вина со заштитено географско потекло- повардарски до крајот на годинава. Дефинираната географска ознака најпрво треба да се регистрира во земјава, а потоа и во ЕУ.
Street View возилата прво ќе ги снимаат улиците на Љубљана, а потоа и другите словенечки градови и места.
Седница на Секретаријатот на ЦЕФТА, по повод одлуката на Владата на Македонија за ограничувањето на увозот на брашно и пченица од Србија, ќе се одржи на 22 јули во Белград, јави агенцијата Бета.
Министрите за финансии на 17 држави членки на еврозоната се договорија во следните неколку недели на Грција да и се исплатат четири милијарди евра во рамки на програмата за финансиска помош на оваа земја.
Компанијата HG Spot Informatika го направи првиот хрватски паметен телефон Forcebook UltraPhone 40. Цената е атрактивна, само 67 евра.
Агенцијата Бета повикувајќи се на извори до српското министерство за внатрешна и надворешна трговија јави дека Србија нема воведено никакви официјални мерки на реципроцитет против Македонија, која го ограничи увозот на брачно и пченица од Србија.
Водечките светски модни ланци објавија дека во идните девет месеци ќе им овозможат пристап на инспекциите до своите погони во Бангладеш според договорот со синдикатите.
Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, на бизнис форум во Париз ги претстави потенцијалите за инвестирање во Македонија, во инфраструктурата и енергетскиот сектор.
Србија денес наводно не дозволила увоз на домати од Македонија, јавува B92.
America Movil, телекомуникациската компанија на најбогатиот човек на светот, Карлос Слим, ќе инвестира 40 милиони долари во британската компанија Shazam, позната по мобилни апликации за препознавање на музика.










