Спотот симболично наречен “10 метри одвоени - Ден на заедничка молитва”, на македонската агенција Њу момент од Скопје е добитник на Канскиот лав (Cannes Lions) во категоријата Титаниум - интегрирана кампања.
Наместо четврток и петок, според објавениот кралски декрет, викенд во Саудиска Арабија ќе биде петок и сабота.
Македонската претставничка на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) за Монтреал Александра Настеска, активист за зачувување на животната средина, е еден од добитниците на наградата топ 25 имигранти во Канада за 2013 година.
Фиат автомобили Србија (ФАС), Нафтена индустрија Србија (НИС) и Тигар од Пирот се најголеми српски извозници, објави министерството за финансии и економија.
Владата денес ќе објави конкурс за обезбедување поволни кредити наменети за микро и мали претпријатија, со цел отворање нови работни места преку Агенцијата за вработување.
Доколку добиете порака на Facebook во која пишува Hey (вашето име) your Facebook account has been closed или Hi (вашето име) your Facebook account is blocked, немојте да ја отварате затоа што се работи за вирус.
Сегашната тактика на Google се бихевиористичките интервјуа со кандидатите, каде ќе добиваат прашања од типот на тоа како реагирале во одредени ситуации. Хипотетичките прашања ќе бидат исклучени.
Станува збор за Телеком Словенија, Адриа ервејс, Елан, Аеродром Љубљана, Нова кредитна банка Марибор, Аеро, Фотона, Хелиос, Адриа ервејс техника, Цинкарна Цеље, Љубљански саем, Палома, Олимиа базени, Униор и Жито.
Компанијата Нестле го премести производството на мајонезот од Полска во фабриката во Сурчин, а вредноста на оваа инвестиција е 1,3 милиони евра.
Федерација на фармерите на Република Македонија во партнерство со Horti-Match од Холандија објави оглас за учество на обука за стекнување на стручно образование за управување на земјоделски задруги која ќе се одржи во Холандија.
Управата на хрватската прехранбена компанија Подравка донесе одлука да излезе од бизнисот со пијалоци, пекарски и замрзнати производи.
Гувернерот на Народната банка на Република Македонија вчера им ги одзеде дозволите за основање и работење на Штедилница Баваг ДОО Скопје и на Штедилница Младинец ДОО Скопје.
На отворањето присуствуваа и претприемачи од Македонија, ментори и учесници во Top Class програмите на ЦЕЕД. Сашо Јовановски, директорот на Даталаб МК и Анита Христова од Христови инженеринг говореа за своето позитивно искуство со ЦЕЕД Македонија и ги споделија знаењата со тамошните ментори.
Европската унија ја казни данската фармацевтска компанија Лундбек и уште осум други произведувачи со 146 милиони евра, затоа што го одложувале пуштањето во промет на евтини лекови против депресија.
Американската агенција УСАИД денес во Тетово ги претстави активностите и првите резултати од нивниот проект за практикантска работа и вработување на лицата со хендикеп.
ОНЕ, како членка на Групацијата Телеком Словенија, објави дека матичната компанија е спонзор на најголемиот европски спортски настан годинава - EuroBasket 2013, кој ќе се одржи од 4 до 22 септември 2013 година во Словенија.
Судот во Санкт Петербург му забрани на рускиот нафтен гигант Газпром да изгради ново седиште во овој град. Проектот вреден 226 милиони долари падна поради археолошките наоѓалишта во градот кој е под заштита на УНЕСКО.
Корисниците на услугите на T-Home коишто имаат телефонски приклучок префрлен на новата интернет платформа со интегриран уред за пристап (рутер), можат во секое време да се поврзат на интернет така што ќе се јават на 142 300 и ќе ја активираат новата услуга Интернет на барање.
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) назначи нови претставници на канцелариите во Будимпешта и Скопје
Хрватската стопанска комора (ХГК) ќе ги затвори своите претставништва во Белград, Приштина, Сараево, Котор, Бања Лука и Авганистан, а ќе побара отворање на канцеларија во Вашингтон.
Chrysler ќе повлече 2,7 милиони постари модели на џипови поради ризикот од запалување на резервоарот за гориво. Повлечени ќе бидат Jeep Grand Cherokee од 1993 до 2004 година и Jeep Liberty од 2002 до 2007 година.
Министерот за економија Ваљон Сарачини, денес ќе присуствува на Меѓународниот Eкономски Форум во Санкт Петербург, Русија.
Бугарскиот холдинг Булгартабак го презеде мнозинскит дел акции од досегашниот сопственик на Фабриката за тутун Бања Лука, Антониќ трејд, и со тоа официјално стана мнозински сопственик на оваа фабрика.
Владата распиша нов јавен повик за пополнување на 99 раководни места како на централно така и на локално ниво.










