Новиот Fiat 500 L нуди нов кожен ентериер, интегриран систем за навигација и задна камера за помош при маневрирање во рикверц.
Дел од оценките на учесниците на Go click и Google конференцијата за современ маркетинг, што денес се одржува во Скопје се дека компаниите и медиумите во Македонија ја препознаваат новата ера за развој со помош на интернет маркетингот и социјалните мрежи.
По внимателното следење и почитување на барањата на патниците од својата мрежа што опфаќа 60 дестинации, нискотарифниот авиопревозник од Дубаи Flydubai, денес објави дека ќе започне со работа на бизнис-класата и услугите поврзани со неа.
Дводневната посетата на Македонија од страна на тур операторите и медиумите од Албанија има за цел да го зголеми интересот на туристи за убавините на Македонија, како и да ги прошири можностите за економска соработка меѓу двете земји.
Хрватската фармацевтска компанија Белупо започна проект за изградба на нова фабрика за производство на лекови во Копривница.
Pantheon Cloud е софтверско решение за целосна контрола на бизнис процесите во една компанија, коешто го овозможува Даталаб MK во соработка со Македонски Телеком.
Покрај директните приливи од концесија и новите работни места, оваа инвестиција ќе значи и дополнителна можност за заработка за многу локални мали и средни компании од западна Македонија.
Телекомуникацискиот оператор ОНЕ за сите Џабест и ОНЕ припејд корисници, воведе дневен пакет за мобилен интернет со вклучени 100 MB по цена од 19 денари и неделен пакет со вклучени 300 MB по цена од 39 денари.
Данскиот произведувач на играчки Лего објави дека планира да ги зголеми производните капацитети во Чешка за 30% до 2015 година. На ваков чекор компанијата се одлучи поради зголемената побарувачка во регионот.
Од 8 до 10 октомври Македонија 2025 ќе го одржи вториот Глобален инвестициски Самит за Македонија, а место на случувањата повторно ќе биде Охрид.
Секој Focus Electric е опремен со 6.6 kW целосно интегриран полнач кој може да испорача автономија од околу 100 км со 2-3 часа полнење и околу 150 км автономија со 3-4 часа полнење од 32 А приклучок на струја.
Остануваат уште 15 дена до истекот на рокот за 5.481 фирми да се регистрираат и 12.059 да мигрираат на новиот систем на е-Даноци.
Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување во наредната година ќе организираат неколку циклуси на тренинзи со цел доедукација на менаџерскиот и медицинскиот кадар во болниците и клиниките низ Републиката.
АД ЕЛЕМ, АД МЕПСО и ЕВН Македонија денес им доделија стипендии на 15 студенти од електроенергетските насоки на Факултетот за електротехника и информациски технологии, чиј просек на студирање повисок од 8.
Задолженијата што досега ги имаше главниот економист се пренесени на вицегувернерот за финансиска стабилност и платен промет, освен секторот за информатичка технологија, со кој раководи директорот на секторот.
На монетата ќе биде прикажано саќе создадено од 27 ќелии, во кои се наоѓаат ѕвездички, симболите на земјите членки на Унијата. На овие 27 ќелии им е придадена нова, 28-ма, со која се симболизира завршниот чин на пристапување на Хрватска во ЕУ.
Делегација на Македонско-бугарската стопанска комора денес во Приштина ќе потпише Меморандум за соработка со Алијансата на бизнисите во Косово.
Судот донесе одлука дека ЕРТ може да продолжи со емитување на програма се додека не се воспостави нова национална радиотелевизија.
Државниот завод за статистика објави дека стапката на невработеност во Македонија во првото тримесечје од годинава изнесува 29,9%.
Според податоците на Државниот завод за статистика прометот во индустријата во април, споредено со истиот период лани, бележи пораст од 7%.
Google работи на технологија која ќе овозможи многу понапредно и подобро блокирање на детска порнографија од резултатите на пребарувањата.
Почнувајќи од денес клиентите на Т-Мобиле и НЛБ Тутунска банка ќе можат да плаќаат преку своите мобилни телефони, благодарение на новата услуга Мобипеј.
Министерството за информатичко општество и администрација објави повик за избор на најдобри е - продавници.
Државната нафтена компанија на Азербејџан, СОКАР, е во финална фаза од преговорите за преземање на грчката компанија за гас ДЕПА, изјави првиот човек на СОКАР, Ровнаг Абдулајев.










