Група поранешни вработени од финска Nокиа, кои дадоа откази поради одлуката на компанијата да се откаже од оперативниот систем MeeGo во корист на Windows, го претставија сопствениот паметен телефон.
Преку 100 милиони профили на Фејсбук се на домашни миленичиња, предмети и страници на брендови. Сепак, Фејсбук ги смета како активни корисници и ги прикажува во своите извештаи.
Новите подобрени услови за штедење што ги воведува ПроКредит Банка вклучуваат зголемени каматните стапки за штедење по видување во денари и можност за достапност на заштедата на банкоматите, преку штедната сметка на дебитната картичка на клиентот.
Американската фармацевтска компанија за производство на генерички лекови Actavis ја купува ирската Warner Chilcott за пет милијарди долари во замена за акции, без плаќање во готово.
Винарската визба Тиквеш за своите врвни македонски вина освои дури 22 награди и високи признанија на двата најпрестижни светски вински натпревари кои се одржуваат во Лондон.
Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на бензините и дизелот се зголемуваат од половина до еден денар за литар.
Словенија размислува за можноста да поднесе тужба против бонитетната агенција Moody’s која драстично и го намали кредитниот рејтинг во екот на активностите на владата во издавање на државни обврзници, изјави премиерката Аленка Братушек во разговор за мариборски Вечер.
До крајот на следната година ќе бидат дигитализирани сите видови катастарски планови во Македонија.
Златни медали за Merlot Barrique и Aminta, брозен за Vranec Veritas се наградите кои ги доби Винаријата Стоби на Балканскиот меѓународен вински натпревар за квалитет на вина што се одржа изминатите два дена во Бугарија.
Министерот за економија Ваљон Сарачини испрати апел до бизнисмените да аплицираат за кредитите со субвенционирана камата од Македонската банка за поддршка на развојот.
Ford Fiesta е најдобро продаван мал автомобил во март и во првите три месеци од 2013 година, според најновите податоци од светскиот водечки давател на автомобилски податоци и известувања, JATO Dynamics.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој вчера објави Јавен повик за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2013 година за мерката 112 Помош за млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност.
Европската комисија тврди дека со забраната за служење на маслиново масло во бокалчиња и во мали садови за макање, ќе се заштитат потрошувачите, ќе се подобри хигиената, но ќе се заштитат и произведувачите на маслиново масло.
Со свеченото поставување на камен темелник викедов почна изградбата на паркот на ветерни електрани Богданци којшто е предвидено да почне да произведува електрична енергија во последниот квартал од годината.
Ова е првиот крупен чекор на Мариса Мајер како извршен директор на Yahoo. Таа се одлучи да купи социјална мрежа со помлада публика што Yahoo очајнички ја посакуваше во последните неколку години.
Сите 236 вработени во McDonalds рестораните во Македонија ќе останат на своите работни места.
Словенечката централна банка и ја одзеде лиценцата за извршување на платежни услуги на компанијата Diners Club Словенија, пишува Дело.
Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски денес објави дека распределбата на квотите за испраќање работници во други држави за изведување градежни работи отсега ќе се врши по електронски пат.
Министерот за странски инвестиции, Бил Павлески вчера се обрати пред членовите на Француско-македонскиот форум при што ги презентираше предностите и погодностите на Македонија за странски вложувања.
Корисниците немаат потреба да купуваат посебен уред за прием на дигитален телевизиски сигнал или пак нов телевизор со вграден дигитален приемник, бидејќи медиа приемникот е вклучен во новата МаxTV услуга.
Корисниците на gmail отсега ќе можат да прикачат пари во електронска порака, исто како што прикачуваат фотографија или документ, информираат од Google.
Турскиот аеродромски оператор ТАВ изјави дека и официјално ја презема изградбата и дизајнот на терминалот на меѓународниот аеродром Крал Калед во Ријад, Саудиска Арабија.
Најголемите илјада компании во Хрватска минатата година оствариле 56,5 милијарди евра приход, што е за 0,9% помалку отколку во 2011 година, а добивката на компаниите се намалила за 16,4%, на 2,3 милијарди евра.
Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот број на говеда во Македонија во минатата година, во споредба со 2011 е намален за 5,3%.










