Примената на концептот Овластен економски оператор (ОЕО) ќе овозможи компаниите од земјите членки на ЦЕФТА да вршат самостојно царинење при извоз и увоз, со цел да се обезбеди побрза и поевтина трговија.
Словенечкиот парламент за нов гувернер на словенечката централна банка го избра економистот Боштјан Јазбец (43). Мандатот на Јазбец започнува кон средината на јуни, кога завршува шестгодишниот мандат на сегашниот гувернер Марко Крањец.
Корисниците на кој било интернет пакет од Македонски Телеком и постпејд интернет корисниците на T-Mobile ќе добијат бесплатен и неограничен интернет на Telekom HotSpot.
Власите на шест европски земји покренаа постапка против американската компанија Google, барајќи од неа да ја усклади политиката за заштита на приватноста со европските закони, соопшти француската Агенција за заштита на податоци.
Данската компанија за производство на играчки Лего соопшти дека ќе престане да ја произведува играчката од едицијата Војна на ѕвездите која потсетува на џамија.
Хидросистемот Оризарска Река, кој е објект со огромно значење во Источна Македонија, ќе се реализира до 2017 година.
Ланецот ресторани за брза храна Subway се враќа во Словенија. Пред крајот на јуни планирано е да се отвори ресторан во центарот на Љубљана.
Винарската визба Сковин вчера целосно ги исплати обврските кон лозарите за 2012 година пред истекот на законскиот рок.
Специјализираното издание на Financial Times, fDi Intelligence ја прогласи фабриката на германската компанија Дрекслмаер што се гради во Кавадарци, за најдобра во категоријата производство.
Понудите за Optic пакетите од Македонски Телеком продолжуваат до 30 јуни 2013 година. До 30 јуни корисниците можат да пробаат Optic пакет со интернет со брзина на светлината без никаква доплата.
Преставници на дваесеттина турски компании, членови на Балканската асоцијација на индустријалци и бизнисмени од Румели (BALKANSİAD), Турција, на 15 април доаѓаат во посета на Македонија, со цел е да воспостават деловни контакти со македонски компании од различни стопански дејности
Извршниот директор на Фиат Серџо Маркионе не сака да го продаде брендот Алфа Ромео на Фолсваген, но можеби италијанската компанија и покрај се, преку Ауди ќе се спои со Германците.
Стопанска банка АД - Скопје на своите клиенти им излегува во пресрет со подобрени услови за станбен кредит.
Извршниот директор на Apple, Тим Кук, официјално им се извини на кинеските потрошувачи откако технолошкиот гигант беше подложен на критики во кинеските медиуми за "арогантно однесување" и примена на двојни стандарди.
Министерот за економија Ваљон Сарачини денес ќе го означи почетокот на изградбата на една од четирите мали хидроцентрали, што ќе ги гради компанијата Сол Хидропауер дооел Скопје, во општина Теарце.
Индискиот врховен суд го отфрли барањето на швајцарската фармацевтска компанија Новартис да се заштити лекот за лечење на леукемија, Гливек. Во Индија се користи сличен лек од домашен произведувач, кој е 15 пати поевтин.
Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците на живот во март годинава во однос на претходниот месец бележат пораст од 0,1%, а во однос на март минатата година од 3,1%.
Италијанскиот суд и наложи на модната куќа Dolce & Gabbana да плати казна од 343 милиони евра плус камати, поради затајување на данок.
По либерализацијата на пазарот кондиторската индустрија го зголемила производството за 250%, агресивно настапува на надворешниот пазар, а и од домашниот ја истисна странската конкуренција.
Тоа во пракса значи дека дека секој луксузен автомобил со старост до пет години кој чини меѓу 126.000 и 252.000 евра, ќе биде дополнително оданочуван секоја година.
Хотелските ланци како Hilton, Sheraton, Westin, Hyatt, Marriott ќе ги отстрануваат минибаровите од собите откако заклучија дека држењето на овие мали ладилници им создаваат повеќе проблеми и главоболки отколку добро.
Од денес официјално започнува гласањето за Супербрендс во Македонија за 2013/2014 година, а со таков епитет ќе се здобијат брендовите кои ќе освојат најмногу гласови од стручното жири и потрошувачите.
Социјално загрозените граѓани со статус на енергетски заштитен потрошувач, од денес во Србија имаат право на бесплатна количина струја и гас.
Министерството за економија ја промовираше Програмата за реализација на Стратегијата за развој на енергетиката на Република Македонија за периодот 2013-2017 година.











