Италијанската компанија Rigoni di Asiagio ќе започне органско производство на лешници на површина од 190 хектари во српската општина Неготин, а вкупната вредност на инвестицијата ќе биде од 20 до 30 милиони евра.
Рестораните во Бугарија се уште не посочуваат на видно место која храна во менито може да предизвика алергија, заклучува Бугарската агенција за безбедност на храната, по спроведените контроли во преку 1.000 објекти.
Сопственик на овој оригинален ресторан е Никола Наранчиќ, кој претходно работел во Болоња, но идејата за ваков ресторан го вратила назад во родниот крај.
Кога решаваат да запливаат во бизнис водите, граѓаните на Србија најчесто отвораат бутик или кафуле. А кога бизнисот нема да им тргне, не се откажуваат, ја затвораат фирмата и отвораат нова, под друго име.
Bella Beat постигна договор според кој на пролет ќе почне со дистрибуција на 65.000 парчиња од своите производи на големите американски трговски синџири Target и BestBuy.
На продажба се ставени едно шкотско говедо, три лебеди, четири лами, два пони коња и 14 елени лопатари.
Бугарската државна железница од денеска трга 38 возови од шините, а на скратени релации ќе сообраќаат 10 возови.
Adria Airways е на листата 15 фирми во кои мнозинска сопственост има државата, кои треба да се приватизираат. Компанијата во последните неколку години работи со загуба и тешкотии поради долгови.
Возот ќе биде поврзан со граничниот премин Капикуле и ќе поминува низ Едрене. Се очекува тендерот да биде распишан оваа година. Линијата ќе биде продолжение на мега проектот Мармара.
Одлуката што ХНБ ја објави на својата интернет страница се однесува на сите кредитни институции кои со потрошувачите склучуваат договори за кредити или депозити, независно од валутата, рочноста, износот или намената.
Националниот кипарски авиопревозник Cyprus Airways ќе престане со работа поради одлуката на Европската комисија дека компанијата добила незаконска државна помош.
Компанијата во следните три години ќе инвестира околу 100 милиони долари во фабриката. Очекувањата се во тој период да генерира приход од 500 милиони долари и да произведе повеќе од 800.000 фрижидери.
Словенечкиот пекар Дон Дон и хрватски Франк преговараат за заедничко учество во купувањето на словенечката компанија Жито.
Новата авиокомпанија ќе лета од Сараево кон неколку европски градови, а планира и линии кон Блискиот Исток.
Зираат банка вработува повеќе од 24.000 луѓе во 1.700 филијали, од кои 57 се во странство, во земји како Германија, Босна и Херцеговина, Казахстан, Русија, Велика Британија, САД, Грузија, Бугарија и Грција.
Доаѓањето на новиот оператор би можело да ја подобри конкуренцијата и да понуди нови и веќе постоечки сервиси по уште поповолни услови за корисниците.
Во славината е вграден систем за спречување на неконтролирано истекување на водата, а целиот систем може да биде самостоен, ѕиден или вграден, во зависност од потребите на корисникот.
Овие реформи имаат за цел унапредување на почитувањето на даночните прописи и борба против даночните измами, јакнење на стабилноста на финансискиот сектор и јакнење на супервизијата на банкарскиот сектор.
Минатата година не е приватизирано ниту едно од 13-те претпријатија што црногорската влада планираше да ги продаде на приватни инвеститори.
Концептот на Lidl е таков што со градба почнува дури кога ќе се создадат услови за изградба на девет или повеќе објекти.
За пет години треба да се инвестираат 521,5 милиони евра преку истражувања.
Пазарите во Црна Гора, Бугарија, Албанија и БиХ не биле исплатливи, затоа групата се повлекла од таму и одлучила да се фокусира на Србија.
Минатата година извозот на Турција се зголеми за околу 4% во споредба со 2013 година, достигнувајќи 157,6 милијарди долари, што е рекорд во историјата на модерната република, покажуваат бројките објавени од страна на Здружението на турските извозници.
Од 1 јануари годинава, во три земји од регионов се отвори пазарот за електрична енергија. Домаќинствата од Србија, Црна Гора и БиХ од вчера имаат право да избираат од каде ќе купуваат струја.











