Во Белград годишно се отстрануваат 150.000 метри кубни отпад, а за истиот период се појавуваат околу 200 нови депонии. Поради тоа, на ризичните места ќе се поставуваат камери.
Од Градот сметаат дека до сега се урнати 130 куќи, а останати се уште стотина. Иселени се преку 70 од вкупно 114 фамилии и доделено им е друго сместување.
Според бизнисот, долгорочно решение на проблемот со недостигот на ИТ кадри е реформа во образованието, додека брз ефект би имало олеснување на постапката за издавање на работни визи за висококвалификувани странци.
Српското студио е основано пред пет години, а во рамките на TabTale ќе развива игри за нешто постара популација.
Германскиот автомобилски гигант Mercedes ја разгледува можноста за производство на автомобили во Турција доколку има иницијатива за даночни олеснувања и раст на пазарот.
Новиот Belvedere ќе се наоѓа на местото на стариот, но дополнет со содржини за клиенти со подлабок џеб. Ќе се протега на 25.000 метри квадратни, ќе има 120 соби и нова плажа.
Најголемиот франшизен ланец за брза храна, Subway, сака да се врати во Хрватска и оваа година да отвори најмалку 22 ресторани преку соработка со корисници на франшиза.
Германската компанија Heinemann и турската Unifree потпишаа договор за отворање на најголемиот фри – шоп на третиот аеродром во Истанбул, што е сè уште во изградба.
Со Телеком е постигнат договор до крајот на годината во сите возила на Градскотот сообраќајно претпријатие да биде достапен бесплатен интернет.
На почетокот на владината седница, хрватскиот премиер Зоран Милановиќ порача дека се размислува со законско решение да се регулира прашањето за станбените кредити кои во иднина би се добивале само во куни.
Со поддршка на Македонски Телеком и на Т-Мобиле, од 23 до 25 јануари, ќе се одржи третиот по ред Global Game Jam во Македонија.
Кога ќе биде ставен во функција, теминалот на аеродромот во Абу Даби, што се простира на 702.000 метри квадратни, ќе може да обезбеди услуги на 27 милиони патници годишно.
Компанијата преку 70% од своето производство извезува на европскиот пазар, а во однос на минатата година, производството е зголемено за 13%.
Романскиот произведувач на електрична енергија Hidroelectrica, кој се наоѓа во стечај, на аукција во февруари ќе продава 33 микро хидроцентрали.
Турција бележи рапидно зголемување на потрошувачката на енергија и земјата треба да инвестира околу 120 милијарди долари во енергетски проекти до 2023 година.
Од НБС велат дека јакнењето на франкот можело да се очекува во перспектива, но ваков девизен удар (раст за околу 15% во еден ден), кој ги затече пазарите, не можеше да се предвиди.
Тој веќе го заштити брендот ајвар во Америка, а земал и просторија под наем каде што треба да почне производството.
Швајцарскиот франк се фиксира на 6,39 куни на една година, а трошоците одат на терет на финансиските институции.
Договорот е во вредност од 50 милиони евра, а изградбата на 41 брана се дел од проектот Мојсеј за одбрана на градот од висока плима.
По пет години повторно ќе биде воспоставен авионски сообраќај на релација Сараево – Подгорица – Скопје и обратно.
Најголемиот приватен производител на месо во Европа, германски Tönnies до крајот на оваа недела ќе основа компанија во Србија.
Хрватската компанија Подравка регистрираше фирма во Дубаи во Обединетите Арапски Емирати, а започната е постапка за регистрирање на фирма во Дар ес Салаам во Танзанија и претставништво во Пекинг.
Во компанијата клучот е да се мотивираат вработените и да имаат слобода да работат кога и каде сакаат, почитувајќи ја нивната ефикасност и резултати, а не да се следи нивното присуство во канцеларија во одредено работно време.
Компанијата Dreamfoods, корисник на франшизата на McDonald’s за Република Српска, од деловни причини планира да го затвори ресторанот во Бања Лука на 15-ти февруари оваа година.











