Како и во секоја професија, така и во човечки ресурси, би било добро луѓето да имаат лидерски способности. Важно е на некој начин да бидат визионери, да ги следат трендовите и да имаат слух за својата организација, но и опкружувањето во кое се наоѓаат.
На саемот ќе присуствуваат повеќе од 100 учесници, меѓу кои жени претприемачи, претставници на здруженија за бизнис жени и стопански комори од 9 земји вклучени во овој проект (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Косово, Македонија, Молдавија, Србија, Турција и Бугарија).
Adria Airways од канадскиот произведувач на цивилни летала Bombardier, купува два нови авиона од типот CRJ900 NextGen. Договорот е вреден околу 67 милиони евра.
За кредитите што се одобрени, а не се искористени, Србија од 2009 година до крајот на 2013 година платила скоро 22 милиони евра на име пенали.
Од здружението потсетуваат дека во поголемиот број земји во Европската унија стапката на ДДВ во просек е од 5% до 10%. Актуелната стапка за угостителски услуги во Црна Гора е 19%.
Компанија за веб дизајн ја напуштила Хрватска поради незадоволството од бирократијата во земјата и решила тоа да им го стави до знаење на сите
Еден час чување чини две куни (16 денари), а ќе постои можност и за купување на месечен билет. На паркингот има место за 70 велосипеди, кои ќе висат закачени на куки.
Новиот концепт на анализа може да ги заштити брендовите во алкохолната индустрија, да се разликуваат од фалсификатите на пазарот и да ги раздвои легалните произведувачи од илегалните трговци.
Кинезите сакаат во Марибор, Словенија, да инвестираат во фабрика за акумулатори, во мариборскиот аеродром и фармацевтската компанија Марифарм.
Во луксузните услови ќе уживаат 120 станари кои ќе одлучат дали ќе купат или ќе изнајмат еден од апартманите.
Компанијата изработува и џамбо кутии за пакување на мебел и соработува со неколку домашни произведувачи на мебел кои ги снабдуваат продажните ланци на Икеа.
Од април ќе можат да се порачуваат автомобили фиат 500L со погон на метан, најави маркетинг менаџерот на компанијата Фиат автомобили Србија (ФАС), Борис Чучковиќ.
Групата Lisca, која произведува женска долна облека и костими за капење, минатата година остварила 29,2 милиони евра приход, што е 10% повеќе во однос на 2012 година.
Причина за намалувањето на изложеноста е недостатокот на добри клиенти, но и свесната одлука на банките да пласираат помалку пари во Србија.
Сараевската млекарница Милкос, која на почетокот на овој месец доби решение за извоз на пазарите на млеко, потврди дека турските компании веќе изразиле интерес за млечните производи од БиХ.
Карловачка пивовара го прошири своето портфолио со безалкохолното пиво Карловачко 0,0% Maxx.
Во 2013 година, Крка од извоз заработила преку 1,11 милијарди евра, што е околу 5% од вкупниот словенечки извоз.
Во тешка сообраќајна несреќа загинаа основачот и претседателот на Управата на најголемата хрватска брокерска куќа Ауктор, Маријан Палиќ и Кристијан Пањол Туфлија, член на Управата на Штедбанка и мнозински сопственик на Просперус инвест.
Компанијата Бамби од Пожаревац соопшти дека во иднина на сите свои производи ќе става ознака дека не содржат генетски модифицирани организми (ГМО).
Катарската компанија во следните 10 години планира да гради околу 40.000 единици во различни објекти, 10 до 12 хотели, вили, апартмани, марини, спортски, културни - забавни и други содржини.
Критериумот би бил три неисплатени плати по ред или три неисплатени плати во период од шест месеци.
Компанијата Најсфудс ресторани, која управува со рестораните McDonald's во Србија, ќе мора да плати 869 евра поради дискриминација на Роми, одлучи судот за прекршоци во Нови Сад, јавува РТС.
Авиокомпанијата BH Airlines, која е во сопственост на Владата на ФБиХ, би можела на почетокот на следната година да остане без авионите кои во 2005 година се набавени по цена од 18,4 милиони долари на основа на потпишаниот договор со Hypo leasing.
Компанијата ДАРС, која управува со словенечките автопатишта, минатата година остварила 45,3 милиони евра чиста добивка, што е за 94% повеќе во однос на 2012 година.











