Со овој проект Загреб ќе добие т.н. паметна претприемачка инфраструктура, клучна за поголем и побрз развој на стартапи, поттикнување на иновации, развој, раст и извоз.
Истакнувајќи дека некои граѓани имаат вреден имот, а не се вработени, Арифовиќ наведува дека во тие случаи треба да се применат интегрирани истраги.
Ниските приходи во однос на трошоците за домаќинството и високата невработеност се главните причини поради кои работниците се согласуваат на работа без договор за вработување или на договор за помала плата од реалната.
На сигурен отпис на долговите можат да сметаат околу 70.000 хрватски граѓани кои и должат на државата, од вкупно 290.000 граѓани со блокирани сметки затоа што не можат да ги враќаат долговите.
Фармацевтската компанија Белупо во новите фабрики ќе произведува полутврди и течни, како и тврди лекови. Се очекува новите фабрики да почнат со работа во првиот квартал од 2017 година.
Баклавата со фстаци од југоисточна Турција е првиот турски производ што доби европска ознака за квалитет, објави Европската комисија.
Очекуваме Mercedes Benz до март да склучи соработка со најмалку една фабрика за автобуси во Србија. Во тек се и преговори со италијанскиот произведувач на чоколада Ferrero за инвестиции во земјоделието, изјави Александар Вучиќ.
Станува збор за пет големи трговски објекти од ланецот на Конзум, од кои три се во Загреб и по еден во Задар и Сплит, кои Агрокор ќе ги земе под закуп на 20 години.
Српската Агенција за приватизација ја објави денес одлуката за реструктуирање и приватизациски проспект на компанијата за производство на лекови Галеника и друштвото за новинско - издавачка дејност Политика.
Хрватската влада на вчерашната седница ја прифати понудата на Адрис група од Ровињ за купување на удел во Кроација осигурување, која за 39,05% акции понуди 118,5 милиони евра, односно 970,45 евра по акција.
Со предлог буџетот на Албанија за 2014 година е проектиран економски раст од 2,1% БДП, со раст на јавниот долг на 74,8% БДП.
Истанбулска берза купи 24,38% од акциите на Монтенегроберза за 450.000 евра, јавуваат црногорските медиуми. Мнозински сопственик на Монтенегроберза и понатаму останува Атлас група.
Првата награда во категорија најдобар Регионален проект во 2013 година ја доби Нафтена индустрија Србија (НИС) за најдобар проект на бензински пумпи во регионот. Втората и третата награда од оваа категорија ги добија компаниите Нектар и Меккен Ериксон.
Американскиот финансиски фонд Kohlberg Kravis Roberts (KKR), по Telemach планира да преземе уште еден словенечки оператор, Тушмобил, пишува Финанце.
Романија бележи пад на директните странски инвестиции за 8,2% за 10 месеци, на 1,8 милијарди евра.Романија во 2012 година привлече 2,1 милијарди евра директни...
Сопственикот на МК група, Миодраг Костиќ, вели дека е можна соработка со Подравка, со која, како што вели, преговараат веќе половина година.
Хрватското министерство за финансии вчера објави дека добиле две обврзувачки понуди за купопродажба и докапитализација на Кроација осигурување и тоа од Адрис група од Ровињ и полскиот осигурувач PZU.
Осум инвеститори планираат следната година во Хрватска да донесат 180 милиони евра. Значајни вложувања најавуваат Полјаци и Кинези, а треба да се реструктуираат и хотели од предстечајната нагодба. Овие проекти би требало да отворат нови 1.600 работни места.
Вкупно, кон крајот на септември годинава, државата и локалната власт на бизнисот му должат 160,5 милиони евра.
Реализацијата на проектот Белград на вода може да започне кон крајот на 2014 година, кога би требало да почне изградбата на голем трговски центар. Со овој проект, главниот град на Србија ќе добие нов изглед, кој ќе му донесе и нови приходи, јавува РТС.
Како и кога Црна Гора ќе излезе од економската криза ќе зависи од реализацијата на девет големи инвестиции, вредни 3,8 милијарди евра кои би требало да се завршат во следните пет години.
На словенечките Нова љубљанска банка (НЛБ), Нова кредитна банка Марибор (НКБМ), Абанка, Банка Цеље, Горењска банка, UniCredit, Hypo, Raiffeisen, во случај на неповолно сценарио, ќе им недостига 4,78 милијарди евра капитал
Германската Lindner Група во Тирана ќе гради деловен парк во вредност од 100 милиони евра. Станува збор за проект што ќе се развива 10 години во неколку фази.
За последните четири години, бројот на вработени во овој сектор се зголемува во просек по 19% на годишна основа, а реализираните приходи од компаниите од индустријата изнесуваат 450 милиони евра годишно.











