Компанијата Фиат автомобили Србија (ФАС) најави дека од идната година во погоните во Крагуевац ќе почне производство на нов модел fiat 500L со погон на течен гас.
Иако претходно се шпекулираше дека интерес покажала и унгарската ОТП банка, Нови Лист пишува дека не поднеле понуда, додека понудата на Ерсте е под очекувањата.
Нафтена индустрија Србија (НИС) според усвоениот бизнис план за 2014 година, планира инвестиции во висина од 500 милиони евра.
Комитетот на ЕУ за претпристапни фондови одлучи на БиХ да и укине 45 милиони евра помош од ИПА. Сепак, од предвидените 47 милиони, БиХ ќе добие два милиони евра за проекти за развој на мали и средни претпријатија.
Јужноафриканската групација Steinhoff International го заврши процесот на преземање на познатиот ланец на продавници за мебел Кика, со што стана сопственик на овој бренд во седум земји, вклучувајќи ја и Хрватска.
Ивица Мудриниќ поднесе оставка на местото на претседател на Управата на Хрватски телеком (ХТ) на денешната седница на надзорниот одбор, за да ја прифати позицијата на виш потпретседател во Deutsche Telekom.
Усвојување на законот за приватизација, стечај и градежни дозволи до крајот на годината е услов Србија да добие кредит од 250 милиони долари од Светска банка, изјави директорот на СБ во Србија, Тони Верхејнен.
Хрватска може наскоро да добие пенали од Европската Комисија затоа што не ја намали за една четвртина количината на биоразградлив отпад, предупредуваат експертите.
Компанијата Меѓународен аеродром Загреб (МЗЛЗ) од вчера официјално го зема Аеродром Загреб под концесија, врз основа на концесионерски договор и прва уплата од два милиони евра.
Од почетокот на следната година во Хрватска цената на нафтата и нафтените деривати ќе се формира слободно, на пазарот, а не врз основа на правилник.
Словенечката централна банка ги отфрли шпекулациите дека банките во оваа европска земји некое време ќе бидат затворени поради резултатите на стрес тестовите и дека пари ќе можат да се подигаат само на банкомати.
Најголем дел од тој долг се однесува на обврската плаќање на данок и придонеси, долг кон Агенцијата за контрола на летање и Јавното претпријатие Аеродроми Црна Гора, како и на кредити кон банките.
Унгарската нафтена компанија МОЛ и понуди на Хрватска да го откупи уделот во ИНА, а доколку хрватската влада не сака да го откупи, ќе го понудиме на некој друг, изјави потпретседателот на управниот одбор на МОЛ, Сандор Ксани.
Хрватската Атлантик Група ја презема дистрибуцијата на еден од најголемите светски произведувачи на производи за широка потрошувачка Unilever на хрватскиот и словенечкиот пазар.
Овој банкарски гигант ќе дојде во придружба на Power China, да разговараат со претставниците од Електростопанство и Владата за проектот Втор блок на термоелектраната Пљевља и за останатите потенцијални проекти.
Принцот престолонаследник на Обединетите Арапски Емирати Мухамед бин Зајед ал Нахјан на Копаоник ќе гради луксузен хотел од 10.000 метри квадратни во планински стил.
Хрватската компанија M SAN Група го претстави денес својот паметен телефон под брендот Vivax Point, кој во првите две недели откако е пуштен во продажба е продаден во над 4.000 примероци.
Во последните десет години во Босна и Херцеговина се инвестирани околу 5,6 милијарди евра, најмногу во областа на финансиско посредување, пошта и телекомуникации, трговија на големо и посредување во трговија, производство на кокс и нафтени деривати, како и во производство на прехранбени производи и пијалоци.
Бугарското министерство за животна средина и води ќе го ограничи користењето на фосфати во детергентите и таблетите за машини за миење садови во согласност со европските регулативи.
Хемиската индустрија Невена од Лесковац наскоро ќе престане да ги произведува шампонот и пенливата купка за деца Косили, затоа што нема да плати 600.000 евра за обнова на лиценцата на швајцарската компанија Гретер.
Владата на Србија предложи да се забрани вработување на нови лица во јавниот сектор поради пополнување на слободни, односно испразнети работни места до 31 декември 2015 година, освен во исклучителни околности.
Словенечката агенција за заштита на пазарната конкуренција (АВК) објави дека позитивно ја решила пријавата на хрватски Агрокор за концентрација, во врска со спојувањето со Меркатор.
Владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина вчера донесе одлука со која Договорот за концесија за истражување на нафта и гас во Динаридите го прогласи од стратешки интерес, а интерес за концесија искажала нафтената компанија Shell.
Со затворањето ќе се заштедат повеќе средства, а Комората ќе ги задржи претставништвата на клучните пазари, како што се Москва, Брисел, Милано, Франкфурт, Виена и Париз.











