Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) со кредит ќе суфинансира изградба на нови хидроцентрали во Босна и Херцеговина, чија проектирана моќност е 19,63 мегавати.
Словенечкиот државен фонд СОД вчера потпиша договор со Citigroup Global Markets Ltd. за советување при продажбата на 73% од Телеком Словенија.
Хрватската компанија Атлантик група во првите девет месеци оствари нето добивка од 25,4 милиони евра, што е дури 139% повеќе во однос на истиот период лани, покажува финансискиот извештај на компанијата.
Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го финализираше четвртиот преглед по одобрениот стенд-бај аранжман за Босна и Херцеговина. Како што соопшти ММФ, финализацијата на прегледот овозможува исплата на износ од околу 47,5 милиони евра.
Се разработуваат механизми кои би спречиле банките да повлечат средства од ХНБ и да не ги насочат кон кредитирање на стопанството, туку со нив да решаваат некакви свои позиции, како што се случуваше претходно.
Хрватската фармацевтска компанија JGL ги презеде производниот погон, интелектуалната сопственост и опремата на српската фирма во стечај BG Pharm, а вредноста на оваа инвестиција, со планирано вложување и технолошко опремување, се проценува на два милиони евра.
Надзорниот одбор на словенечката компанија Палома ја соопшти намерата на мнозинскиот сопственик ПДП, кој има 71% удел, дека ќе ја продава компанијата.
Србија и Црна Гора наскоро ќе потпишат договор за избегнување на двојно оданочување, како основа за продолжување на добрата економска соработка меѓу двете земји.
Меѓу оние кои се интересираат за земање под концесија е и големата американска финансиска куќа JPMorgan, која покажува интерес и за хрватските автопати, па би можело да се случи двете инфраструктури да дојдат во рацете на ист концесионер.
Сопственикот на Раденска, Пивоварна Лашко, очекува компанијата да биде продадена во првата половина од следната година, а првите понуди ги очекуваат во ноември.
Српскиот министер за економија Саша Радуловиќ изјави дека најмалку 20% до 30% од вкупно 100.000 работници во претпријатијата што треба да се реструктуираат најверојатно ќе останат вишок.
За да ги заштити потрошувачите и регистираните произведувачи, владата предложи закон со кој се ограничува служење на рефус вино во угостителските објекти, се прошируваат овластувањата на инспекторите и се зголемуваат казните.
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) воведува програма за кредитирање на проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија во регионот за Западен Балкан, WeBSEFF 2, вреден 75 милиони евра.
Поради загуби од 300 милиони евра годишно, српската влада бара итна акција против сивата економија во нафтената и тутунската индустрија.
Магазинот Rolling Stone, еден од најпрепознатливите и највлијателните музички магазини, од минатата недела е достапен и на хрватски јазик.
Според министерот за финансии Славко Линиќ, основен проблем е немањето економски раст и тврди дека раст од 3% во потполност би го решил проблемот со прекумерниот буџетски дефицит.
Кредитите што институциите од БиХ ги зеле од меѓународните финансиски организации, а кои не се искористени, на 30 септември годинава достигнале износ од дури 958,8 милиони евра.
Новиот погон ќе овозможи значително зголемување на капацитетите за производство на таблети и капсули за 25% и ќе го зголеми извозот, затоа што најголемиот дел од овие производи е наменет за меѓународниот пазар.
Вториот по ред Belgrade Venture Forum, најголемиот регионален инвестициски форум посветен на финансирање на иновативни стартапи, мали и средни претпријатија и развој на претприемништво, годинава ќе се одржи на 19 и 20 ноември.
Во последните десет години, двете земји ја зголемиле размената за 20 пати. Сепак, место за унапредување на соработката има во енергетиката, метало – преработувачката индустрија и градежништвото.
Конзорциумот од главно државни акционери продаде 73,12% акции од произведувачот на бои на австрискиот холдинг Ring International.
Хрватската влада денеска ќе започне постапка за јавно собирање на понуди за продажба на 49% акции на националниот авиопревозник Кроација ерлајнс.
Се уште не е позната причината зошто препознатливото возило на Google со голема камера на покривот е на белградските улици и дали Google веќе почна со снимање на Street View, пишуваат српските медиуми.
Белградската млекарница Имлек купи мнозински пакет акции на Млекарница Суботица, потврди за Танјуг генералниот директор на Имлек, Слободан Петровиќ.










