Хрватската влада денеска на седница ја прифати предлог одлуката за продажба на 99,13% акции во Хрватска поштенска банка (ХПБ) и продажба на 40% акции и докапитализација на Кроација осигурување.
Словенечката централна банка ги објави податоците за активностите на банките во првите пет месеци од оваа година. Според нив, вкупната загуба пред оданочување изнесува 117 милиони евра.
Попусти од 10%, 20%, 30% во многу хотели на Јадранот. Сето тоа повеќе потсетува на мај или октомври, отколку на шпицот на сезоната
Министерот за сообраќај Синиша Хајдаш Дончиќ наводно им порачал на Французите дека следува раскинување на договорот доколку не ги исполнат договорените услови и работата не започне оваа есен.
За да може да им се исплати нето плата од 1.500 евра на менаџерите, вкупната обврска на работодавачот е двојно повисока, 3.024 евра. Менаџерите кои добиваат 3.000 евра, ја чинат компанијата 7.100 евра месечно.
Директните странски инвестиции во Хрватска во првите три месеци оваа година изнесуваат 460,2 милиони евра, покажуваат прелиминарните податоци на Хрватската народна банка (ХНБ).
Атлантик Група во 2012 година со рециклирање на отпадна хартија сликовито спаси шума од 22.400 дрвја и заштеди вода потребна да наполни 14 олимписки базени.
Хрватскиот концерн Агрокор потпиша договор за купување на 109 возила Фиат 500L од компанијата Фиат автомобили Србија (ФАС).
Плива е убедлив лидер на фармацевтскиот пазар во Хрватска со преку 440 милиони евра приход во 2012 година, што е раст за 20% во однос на годината претходно.
Street View возилата прво ќе ги снимаат улиците на Љубљана, а потоа и другите словенечки градови и места.
Компанијата HG Spot Informatika го направи првиот хрватски паметен телефон Forcebook UltraPhone 40. Цената е атрактивна, само 67 евра.
Најголемиот поединечен акционер во хрватската шеќерана Виро, Маринко Задро, го продава својот удел во шеќерниот бизнис.
Словенечкиот производител на апарати за домаќинство Горење склучи договор за стратешко партнерство со јапонски Панасоник. Врз основа на стратешкото партнерство, Панасоник во Горење ќе инвестира 10 милиони евра и ќе стане негов трет сопственик по големина.
Претставници на австриската компанија Wollsdorf веќе неколку месеци го испитуваат теренот за инвестирање во подрачјето на Вараждин. Инвестицијата на Wollsdorf би тежела 6,5 милиони евра, а во првата фаза би се вработиле 300 работници.
Styria во Словенија го издава бесплатниот весник Журнал и има 25% акции на љубљански Дневник. Австријците и претходно покажаа интерес за весникот Вечер, со што би ја зајакнале позицијата на словенечкиот медиумски пазар.
Халкбанк, петта по големина во Турција и банка со најголема стапка на раст во Европа од 2008 година, има 850 филијали во матичната земја и капитал од 65 милијарди долари.
Судијата оцени дека банките го повредиле колективниот интерес на потрошувачите нетранспарентно менувајќи ги каматните стапки.
Полицијата во Босна и Херцеговина почна да собира докази во истрагата во чиј центар е компанијата Лијановиќи од Широки Бријег.
Првиот потпретседател на српската влада, Александар Вучиќ најави можност српскиот авиопревозник ЈАТ наскоро да потпише договор со емиратски Етихад и да го смени името во Air Serbia.
Хрватската компанија Дукат ќе основа нова компанија во Бугарија. Одлуката е донесена на 1 јули годинава, според која се формира ново трговско друштво во Бугарија, Лакталис Бугарија ЕООД, со седиште во Софија.
За разлика од другите социјални мрежи чиј фокус е онлајн комуникација со пријатели, Yoomloo мрежата ги поврзува потрошувачите и нивните омилени брендови.
Турската компанија Глобал Портс од Истанбул понуди 7,1 милиони евра за мнозинскиот пакет акции на Контејнерски терминал на пристаништето Бар.
Во првите пет месеци од оваа година, Србија во размена со земјите од ЦЕФТА остварила суфицит од 588,3 милиони долари, што е резултат главно на извоз на земјоделски производи, хартија и картон.
Губењето на досегашните пазари на земјите од ЦЕФТА е најголем удар што треба да се ублажи и надомести. Од друга страна, присутен е стравот поради тешкотиите во пронаоѓање на своето место на пазарот на ЕУ.










