Светски познатата осигурителна куќа од Велика Британија Lloyd's, која оперира долги 325 години и уште 12 други европски осигурителни компании најавија доаѓање во Хрватска.
Заврши продажбата на 33% од уделот во државната монополска компанија за организирање лотарија и обложување на спортски резултати, ОПАП во Грција.
Во првите шест месеци од годинава Словенска железница остварила оперативен профит од 4,2 милиони евра, EBITDA од 23, и нето профит од 7 милиони евра, што е навистина над очекувањата.
Министерството за информатика и телекомуникации на Црна Гора е во преговори со Телеком Италија за соработка, односно формирање на четврти оператор на пазарот за елекронска комуникација во државата, пренесува Радио Црна Гора.
Стручњаци од Словенија преку вркстување добија хмељ со арома на праска и и цвеќе, како и хмељ со арома на тропско овошје, за кои странските пивари веќе пројавиле интерес, пишува љубљанскиот весник Dnevnik.
Според гувернерот на централната банка на БиХ Кемал Козариќ, економијата во Босна и Херцеговина (БиХ) и финансискиот пазар во првите шест месеци од годината бележат благо закрепнување, но општата состојба и натаму е загрижувачка и нема знаци за брз напредок.
Бугарската војска започна со продажба на недвижен имот, a меѓу најатрактивни на списокот се 5 аеродроми и 58 касарни, како во Софија така и во другите поголеми градови.
Според податоците на министерството за финансии на Црна Гора, вкупната загуба на 17 државни фирми во земјата, во минатата година изнесувала околу 30 милиони евра.
Најновото европско издание на весникот Волстрит журнал пишува дека Словенија, која минува низ финансиска и банкарска криза понуди за продажба 15 државни компании и банки.
Во првите пет месеци од годинава хрватската пошта остварила губиток од 29 милиони куни, a до крајот на годинава тој се очекува да порасне на 60 милиони куни.
Компанијата Мубадала од Обединетите Арапски Емирати е заинтересирана за инвестирање во Телеком Србија, пишува српскиот дневен весник Блиц.
Унгарската нафтена компанија MOL уште еднаш ќе се обиде да ја поттикне хрватската страна на соработка околу хрватската нафтена компанија ИНА, но доколку не успее, MOL сака да го продаде својот удел во ИНА.
Договорот за стратешко партнерство ЈАТ и Etihad треба да го потпишат денес. Откако и официјално ќе станат стратешки партнери, Etihad за 49% удели во српската национална авиокомпанија ќе вложи 100 милиони долари и името од ЈАТ ќе го смени во Air Serbia
Хрватскиот концерн Агрокор преку Сбербанк му даде на Меркатор гаранција од 18 милиони евра кои ќе останат кај словенечкиот трговски ланец доколку продажбата не се реализира.
“Солените” цени на Јадранот, а особено во Дубровник не се никаква новост.
Стапката на невработеност во земјите од регионот, според податоците на локалните заводи за статистика е во благ пад, а во исто време е забележан раст на регистрираните вработени лица.
Руските инвеститори се интересираат за програмата за приватизација во Словенија, а особен интерес покажуваат за Телеком Словенија, банките и Аеродром Љубљана.
Пивоварна Лашко потврди дека е започната постапка за продажба на Раденска. За најголемиот словенечки произведувач на минерална и изворска вода се интересира чешката компанија Кофола.
Коестлин, Мегле, Лура, СМС, Сирела, ППК Карловачка месна индустрија се само некои од фирмите чии производи веќе нема да стојат на полиците во продавниците во БиХ.
Вложувањето во енергетска ефикасност е дел од пошироките настојувања на компанијата да ја зајакне конкурентноста на меѓународниот пазар.
Делегација на водечката светска инвестициска банка Goldman Sachs денеска и утре ќе престојува во Србија, каде со претставници на српската влада ќе разговараат за проекти и можности за инвестирање.
Инвестициските дијаманти на хрватските клиенти ќе им бидат понудени како алтернативен облик на штедење и ќе им бидат конкуренција на златото или недвижностите.
Хрватскиот министер за финансии Славко Линиќ најави дека листата на фирми што не исплаќаат плати на вработените, а кои во моментот се околу 14.000, веројатно ќе биде објавена на есен.
Управата и Надзорниот одбор на компанијата предлагаат листање на акциите на Варшавската берза со цел подобрување на ликвидноста на акциите.










