По речиси 16 години забрана за увоз на бугарски млечни производи, турските власти повторно го отвораат пазарот, објавија од бугарското Министерство за земјоделство и храна. Се укинува и забраната за увоз на јајца.
Косовската влада ја одобри продажбата на 75% акции во Телеком Косово на меѓународен конзорциум што го сочинуваат ACP Axos Capital Gmbh и Najafi Companies, а партнер им е British Telecom Group.
Министерот за градежништво изјави дека на првиот состанок што треба да се одржи оваа недела сите заедно ќе се обидат да утврдат колкави се долговите на градежната индустрија и како можат да се подмират.
Националната авиокомпанија на Обединетите арапски емирати Етихад ервејс, на 15 јуни ќе воведе редовни дневни летови меѓу Абу Даби и Белград, што е прв чекор во развојот на партнерството меѓу Етихад и српски ЈАТ, најавија челниците на овие компании.
Меѓународен конзорциум во петокот понудил 227 милиони евра за контролниот удел од 75% во косовското државно телекомуникациско претпријатие ПТК, што е втор обид на владата во Приштина да ја продаде најпрофитабилната фирма во земјата.
Хрватската влада во Брисел купи зграда од 4.078 метри квадратни и 68 паркинг места за потребите на своите претставништва при институциите на Европската унија. Цената изнесува 11,5 милиони евра.
Претседателот на управата на Заваровалница Триглав, Матјаж Раковец, поради откривање доверливи податоци би можел да се најде на удар на Агенцијата за надзор на пазарот на хартии од вредност.
Продажбата на 79,24% удел во мариборскиот весник Вечер, кој го продава друштвото Дело, пропадна затоа што купувачот не успеа да собере доволно средства. Неофицијално, купувач е претпријатието Медичи од Хамбург.
Стапката на невработеност во Грција во јануари годинава достигна 27,2%, објави агенцијата за статистика на Европската унија, Евростат. Во декември невработеноста била на ниво од 26,4%, па така во јануари е достигнат нов историски максимум на бројот невработени.
Од јавните претпријатија поради програмите за реструктуирање, до средината на следната година ќе си заминат 10.000 луѓе. Предводник во отпуштање е Хрватски железници (ХЖ), потоа следуваат Хрватски автопатишта (ХАЦ), Кроација ерлајнс, Хрватска пошта...
Граѓаните на Србија од денес можат да отвораат налози на најголемиот онлајн сервис за праќање пари и плаќање преку Интернет, PayPal, јавува Танјуг.
Наскоро започнува собирањето на понуди за приватизација на Кроација осигурување и Хрватска поштенска банка (ХПБ), најави хрватскиот министер за финансии Славко Линиќ.
Српската Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот (СИЕПА), од 2006 година до сега одобрила 252 милиони евра за субвенции, за 222 проекти, чија вкупна вредност е 1,4 милијарди евра.
Во Хрватска на почетокот на 2013 година продолжува низата негативни макроекономски показатели, од слабеење на потрошувачката до пад на извозот и индустриското производство, па рецесијата би можела да продолжи петта година по ред.
Владата на Црна Гора одлучи да продаде 1.599 од вкупно 4.058 службени возила, а парите од продажбата ќе одат во државниот буџет.
Словенечкиот парламент за нов гувернер на словенечката централна банка го избра економистот Боштјан Јазбец (43). Мандатот на Јазбец започнува кон средината на јуни, кога завршува шестгодишниот мандат на сегашниот гувернер Марко Крањец.
Ланецот ресторани за брза храна Subway се враќа во Словенија. Пред крајот на јуни планирано е да се отвори ресторан во центарот на Љубљана.
Социјално загрозените граѓани со статус на енергетски заштитен потрошувач, од денес во Србија имаат право на бесплатна количина струја и гас.
Хрватската компанија Осимпекс ќе ја преземе словенечката фабрика за обувки Пеко. Компанијата од Осиек ќе го докапитализира Пеко со четири милиони евра, а во развој ќе вложи дополнителни два милиони евра.
Со влегувањето во ЕУ, на хрватските произведувачи ќе им се отвори нов пазар со 500 милиони потрошувачи. Но, ќе треба да поминат години, многу маркетинг и пари за на овој пазар хрватските производи да станат познати и прифатени.
Словенечката полиција започна обемна истрага за штетата од 25 милиони евра што му е нанесена на Телеком Словенија во периодот кога компанијата била водена од Управата на чело со Бојан Дремељ. Се вршат претреси по куќи, а притворени се седум лица, пишува словенечко Дело.
Со влегувањето на Хрватска во Европската унија, на полиците во продавниците веќе нема да смеат да стојат класични сијалици, а во историја заминуваат и топломерите со жива.
Стотици милиони евра се повлечени од кипарските банки преку нивните филијали во Лондон и Москва, во периодот кога жителите на Кипар не можеа да повлечат од банкоматите повеќе од 100 евра на ден.
Продажбата на словенечкиот национален авиопревозник Adria Airways е во завршна фаза, а најголеми шанси да дојде до договор има со германската компанија Intro Aviation.











