Кроација ерлајнс покрена постапка за откажување на договорите за работа на 42 членови на кабинскиот персонал. Компанијата смета дека масовните боледувања не биле предизвикани од епидемија, туку се резултат на организирана незаконска акција
Хрватската градежна компанија Конструктор нема да оди под стечај, туку државата и банките ќе станат негови мнозински сопственици, објави ХРТ.
Откако веќе се повлече од Албанија, Меркатор до јуни ќе се повлече и од Бугарија. Претходно, словенечките медиуми пишуваа дека компанијата се повлекува од овие пазари затоа што не ги остварува планираните резултати.
Дури една петина од испитаниците знаат колкави се платите на сите колеги од компанијата, додека 40% знаат само за платите на колегите со кои се блиски. Исто толку испитаници, 40% наведуваат дека немаат никаква информација за платата на своите колеги.
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и одобри на Босна и Херцеговина 51 милиони долари помош, откако се увери дека земјата ги држи своите финансии под контрола.
Годинава во првиот квартал скоро тројно е зголемено производството во автомобилската индустрија, а висок раст е остварен во производството на нафтени деривати, хемиската, фармацевтската и тутунската индустрија.
Поради ненадејно масовно заминување на боледување на кабинскиот персонал на хрватскиот авиопревозник Кроација ерлајнс, по вчерашните, компанијата и денес се соочува со нарушувања во редот на летови.
Во првиот квартал од оваа година, Србија во трговија со земјите од ЦЕФТА договорот остварила суфицит од 298,8 милиони долари, објави Републичкиот завод за статистика.
На панелите на НЕМ ќе учествуваат челни луѓе на водечките светски компании меѓу кои се AGB Nielsen, Google, HBO, NBCUniversal, CISCO, 3D Content Hub, Fox International Channels, T-Com, Chello Central Europe, Sony Pictures Television Networks, Antenna Group, AMC/Sundance Channel, Al Jazeera Balkans...
На меѓународниот пазар, земјите од Балканот го заземаат петтото место на произведувачи и извозници на вино, по Франција, Италија, Шпанија и САД.
Според неофицијални информации, Carlsberg би сакал да го купи целото производство, додека на оваа фабрика повеќе би и одговарало да задржи барем еден дел, за да го зачува името БИП.
Хрватскиот конзорциум Агрокор со уште двајца потенцијални купувачи влегоа во вториот круг за купување на словенечкиот трговски ланец Меркатор и до 15 мај треба да ја предаде понудата.
Германската компанија Хенкел наскоро во Билеќа, Босна и Херцеговина, ќе почне со изградба на фабрика за производи во прав на база на цемент, како што се лепила за плочки, премази, малтери и маси за нивелација. Вредноста на инвестицијата е околу седум милиони евра.
Засега нема информации за потенцијални купувачи, но аналитичарите укажуваат на можен влез на авиокомпанијата Етихад од Обединетите Арапски Емирати во овој регион. Тие веќе преговараат со српската влада за купување на 49% од ЈАТ ервејз.
Норвешката телекомуникациска компанија Теленор потпиша договор со грчкиот мобилен оператор ОТЕ за купување на бугарскиот телеком Глoбул, за сума од 717 милиони евра.
Патничките билети на бродските и брзобродските линии во Хрватска од 1 јуни за жителите на островите поскапуваат за 20%, а за останатите патници од 40%, па се до дури 173%.
Компаниите SBB, Телемах Словенија и БиХ, Тотал ТВ и уште 15 помали компании во сопственост на МиД Европа партнерс, ја формираа United Group, групација на водечки пеј - ТВ оператори во југоисточна Европа.
Банкарскиот сектор во Србија во 2012 година работел со добивка од 75,7 милиони евра, соопшти Агенцијата за стопански регистри. Позитивно работеле 22 банки, а 10 имале загуби.
За ова досега само се нагаѓаше, а сега е и официјално, затоа што Управата и Надзорниот одбор му предлагаат на Собранието да се гласа за измена и дополнување на статусот на ХТ, за да се додадат нови дејности.
Србија сега може да повлече 10 милиони евра годишно од претпристапните фондови на Европската унија за областа земјоделие и развој на селата, изјави државниот секретар на министерството за земјоделие, Данило Голубовиќ.
Американскиот нафтен гигант ExxonMobil покажа интерес за влез и инвестиции во Хрватска, односно за учество во тендер за истражување и експлоатација на гас и нафта во Јадранот, потврди хрватскиот министер за економија Иван Врдољак.
Хрватската влада ќе мора до 8 мај да донесе уредба со која, согласно директивите на Европската унија, ќе се дефинира енергетска сиромаштија, но и мерки со кои би се ублажила.
Освен за докапитализација на националниот авиопревозник Кроација ерлајнс, хрватската влада размислува и за приватизација. Но, најважно е планот за реструктуирање да се спроведе до крај, изјави министерот за море, сообраќај и инфраструктура, Синиша Хајдаш Дончиќ.
Директните странски инвестиции во Хрватска во 2012 година изнесувале 973,3 милиони евра, што е за 107 милиони евра, односно околу 10% помалку отколку во 2011 година, покажуваат податоците на Хрватска народна банка (ХНБ).