Министрите за економија на Албанија, Црна Гора, БиХ и Хрватска, вчера во Загреб ги договорија насоките за реализација на проектот Јадранско – јонски гасовод.
Почетокот на изградбата е планиран за април 2014 година, а првите производи од асортиманот за спортска и активна исхрана на пазарот се очекуваат во првиот квартал од 2015 година.
Општина Будва следната година ќе воведе посебен надомест за заштита на животната средина, таканаречена еколошка такса за туристи.
За да добие дозвола од хрватската Агенција за заштита на пазарна конкуренција (АЗТН) за преземање на словенечки Meркатор, Агрокор ќе мора значително да го намали бројот на продавници во Хрватска.
Кинеската компанија Huanghai се подготвува во производните хали на Застава во Крагуевац да започне со склопување на камиони од сопствено производство.
Според една од одредбите во договорот, Владата на ФБиХ се обврзала дека ќе ги преземе сите долгови во овој процес, вклучувајќи ги и побарувањата на работниците во износ од преку 10 милиони евра.
Искусете ја Хрватска, почувствувајте ја Словенија е слоганот под кој Хрватска и Словенија заеднички ќе се промовираат на далечни пазари како Јапонија, Кина, Јужна Кореја и Бразил.
Наскоро ќе почне повторена постапка за продажба на словенечката компанија Палома. Евентуалниот купувач ќе мора да ја докапитализира компанијата.
Бананица, Плазма, Јафа, Смоки, Еурокрем, кисела вода Књаз Милош, јогурт Моја кравица, сокови Нектар, Гранд кафа и Медено срце се најдобрите српски брендови, покажа истражувањето на порталот Телеграф.рс .
Кредитната агенција Fitch го намали рејтингот на Хрватска од БББ- на ББ+, со стабилна прогноза.
Словенечката криминалистичка полиција утрово започна претрес на домот на претседателот на управата на Нова љубљанска банка (НЛБ) и поранешен член на одборот на Уникредит, Јанко Медја.
Во Србија само 2% од стопанските субјекти или 1.208 фирми ги задоволуваат критериумите за добивање сертификат ААА врвен бонитет, кој е многу значаен за работење на пазарите на Европската унија.
Грчката економија е на пат да се опорави, изјави грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас, повикувајќи се на проценките на владата, според кои во второто тримесечје е забележан раст.
Само софтверската индустрија, која годишно расте за 10%, ќе има дефицит од над 27.000 работни места во 2015 година, иако просечната плата во овој сектор е 2.300 лева (1.176 евра) месечно.
Поради внимателност и дополнителни анализи, Подравка донела одлука за привремено повлекување на Лино Фрутолино серија 22052013, со рок на употреба до 22 мај 2014 година, кој е дистрибуиран исклучиво на хрватскиот пазар.
На продажба се ставени 60.000 метри квадратни од фабриката во Сплит, хварските винарии, земјиште во Врбањ, фабриката за квас и винскиот подрум во Дрниш, насади на винова лоза во Дрниш и на Хвар, како и правата на брендовите Далмацијавино и Пипи.
Нафтена индустрија Србија (НИС) денеска започнува со изграба на паркот на ветерници Пландиште на територијата на истоимената општина, во кој ќе бидат инвестирани околу 160 милиони евра.
Со меморандумот Булгартабак се обврза во следните пет години да ја задржи основната дејност, три години да го задржи постоечкиот број на вработени, да инвестира во модернизација на фабриката и да почне со производство на препознатливи брендови.
Поранешниот прв човек на ММФ ги најави првите конкретни совети за српската влада за неколку месеци, истакнувајќи дека нема волшебно стапче и дека резултатите не можат да се очекуваат брзо.
Подравка вчера објави дека го повлекува производот Ева сардина со лук и магдонос со рок на употреба до 9 јули 2017 година, затоа што е утврдено физичко оштетување на лименката поради што може да дојде до нејзино дување.
Претставници на јапонската компанија Mitsubishi преговараат со загрепски Кончар за можни инвестиции и соработка, потврди претседателот на управата на Кончар, Даринко Баго.
На меѓународниот тим на експерти кои ќе го советуваат српскиот вицепремиер Александар Вучиќ и српската влада, наскоро ќе му се придружи и Бетина Нелен, експерт за борба против корушција и перење пари.
Хрватската фармацевтска компанија Белупо, која функционира во рамките на групата Подравка, во Копривница ќе гради нова фабрика за лекови.
Националната авиокомпанија на Србија, Air Serbia, вчера најави нови дестинации, зголемување на бројот на летови на линиите на кои веќе лета и почеток на програмата на обнова на флотата со замена на авионите Boeing 737-300 со Airbus 319.










