Ова е првиот крупен чекор на Мариса Мајер како извршен директор на Yahoo. Таа се одлучи да купи социјална мрежа со помлада публика што Yahoo очајнички ја посакуваше во последните неколку години.
Корисниците на gmail отсега ќе можат да прикачат пари во електронска порака, исто како што прикачуваат фотографија или документ, информираат од Google.
Турскиот аеродромски оператор ТАВ изјави дека и официјално ја презема изградбата и дизајнот на терминалот на меѓународниот аеродром Крал Калед во Ријад, Саудиска Арабија.
Во фабриките една смена обично трае од 10 до 12 часа, а просечната плата во оваа индустрија е околу 38 долари месечно, иако повеќето добиваат само по 19 – 26 долари.
Јазот меѓу богатите и сиромашните е најголем во САД, Турција, Мексико и Чиле, а Ирска, Словенија, Норвешка и Данска се најизедначени општества.
Вкупната пазарна вредност на Тојота изнесува 167 милијарди евра, надминувајќи го гигантот - производител на Galaxy и на таблети, чија вредност е 154 милијарди евра.
Компјутерите во Меѓународната вселенска станица, наместо Windows XP наскоро ќе почнат да го користат Linux оперативниот систем, во обид да се подобри нивната стабилност.
Француската компанија Danone, сопственикот на водата Евиан и брендот јогурти Активиа, објави дека купува 92% од капиталот на американската компанија за производство на органска храна за бебиња, Happy Family.
Новата технологија која нема да биде подготвена за комерцијалниот пазар до 2020 година, ќе го забрза преносот на податоци и за неколку стотици пати за разлика од технологијата 4G LTE.
своите производи на деца помлади од 12 години, пренесува Wall Street Journal. Од компанијата најавија и дека на сите светски пазари ќе извади пијалоци без или со ниско количество на калории.
Кралската австралиска ковачница направи сребрена паричка во вредност од 5 долари, како и специјална монета од 20 центи, кои денес беа официјално претставени во Парламентот.
Европската авиокомпанија Ербас во првите четири месеци од оваа година имаше 493 нарачки, двојно повеќе од својот американски конкурент Боинг.
Со цел да собере уште повеќе приходи, Facebook се реши на уште една новина - на почетната страна на најпопуларната социјална мрежа автоматски ќе се појавуваат рекламни видеа.
Google веќе со месеци подготвува систем за наплата за YouTube, а тест периодот за наплата на содржините би требало да опфати 50 канали, за кои месечно ќе се плаќа 1,99 долари. Се уште нема никакви информации кои канали ќе се наплаќаат.
Засега услугата е достапна само за корисниците на Британија, набрзо ќе биде достапна и во САД и Германија, а глобалното лансирање се очекува до крајот на ова лето.
Американското обвинителство подигна обвинение против локалната филијала на швајцарската фармацевтска компанија Новартис, поради поткуп на лекари. Компанијата на лекарите им овозможувала различни погодности, а тие за возврат ги препишувале нејзините лекарства.
Десет ирачки сателитски ТВ станици ги изгубија лиценците поради промовирање на верско насилство, соопшти ирачката Комисија за комуникации и медиуми.
FAA, сојузната управа за воздушен сообраќај издаде налог со кој официјално од денес завршува забраната за лет на авионите Боинг 787. Дримлајнерите на Боинг беа приземјени на 16 јануари, по неколку сериозни дефекти на акумулаторите.
Американскиот Сенат би можел следниот месец да го усвои новиот данок на онлајн трговија од кој се очекува годишно да се соберат 23 милијарди долари.
Сервисот за електронска пошта на Yahoo во Кина ќе биде затворен до август годинава, како дел од договорот со нивниот партнер во оваа земја, Alibaba Group. Услугата се гаси на 19 август, а Yahoo им советува на своите корисници да преминат на други провајдери, како Aliyun.
Apple соопшти дека приходите во првиот квартал за оваа година изнесуваат 43,6 милијарди долари, со што ги изненади аналитичарите кои очекуваа 42,3 милијарди. Но, добивката на компанијата паднала на 9,5 милијарди долари, во споредба со 11,6 милијарди во истиот период лани.
Од компанијата велат дека на преселба на производството на Mini се одлучиле во согласност со својата “производството го следи пазарот” стратегија.
Американскиот произведувач на авиони Боинг призна дека можеби никогаш нема да дознаат што ги предизвика дефектите на батериите поради кои се приземјени сите дримлајнери 787, јавува BBC.
Американската даночна управа наскоро би можела да ги “консултира” Фејсбук и Твитер профилите на своите даночни обврзници во потрага по нивните финансиски активности.