Њујорк Тајмс минатата година за прв пат остварил поголеми приходи од своите читатели, односно од продажба на печатените и онлајн изданијата, отколку од маркетингот.
Авиокомпаниите US Airways и АМR се се поблиску до договор за спојување вреден 11 милијарди долари, а официјалната објава би можела да се случи во рок од една недела, пренесува Ројтерс.
Рено повика преку 60.000 сопственици на возилата Кoleos во Кина да дојдат во овластените сервиси поради детектирани проблеми со сензорите кои го следат нивото на гориво.
Американскиот дизајнер Марк Џејкобс ќе ја има улогата на креативен директор на Diet Coke за 2013 година.
На листата 50 најиновативни земји во светот, објавена од агенцијата Блумберг, Македонија е поместена на 48-то, а Хрватска на 34-то место.
Според најавите, американското министерство за правосудство денес ќе поднесе тужба против рејтинг агенцијата Standard & Poor’s поради можни незаконитости при одредување на кредитниот рејтинг на второкласни и други хипотекарни обврзници.
Австралискиот регулатор за заштита на пазарна конкуренција ја тужеше компанијата Visa поради наводна злоупотреба на доминантната позиција на пазарот. Visa е обвинета дека на потрошувачите им оневозможила при трансакциите да користат валути по сопствен избор.
Во оваа бројка се вклучени двојни профили, погрешно класифицирани и несакани профили, како и оние каде што корисниците намерно се идентификуваат под туѓо име.
Бил Гејтс даде интервју во емисијата Colbert Report, на водителот Стивен Колберт, во кое призна дека никогаш не бил “кул” како Стив Џобс.
Генералниот директор на италијанскиот произведувач на автомобили Фиат, Серџо Маркионе изјави дека неговата компанија и американски Крајслер ќе се обединат во 2014 година.
Американскиот издавач Time Inc. ќе отпушти околу 500 работници, што е скоро 6% од сите вработени и е најголем бран отпуштања од 2008 година досега.
Купувањето на облека во продавниците е многу важно за брендот и затоа компанијата нема намера да лансира е-трговија во скоро време, изјави модниот претседател на CHANEL Бруно Павловски во интервју за агенцијата Bloomberg.
Поради проблеми со воздушните перничиња, од САД, Јапонија, Мексико и Канада се повлекуваат Corolla и Corolla Matrix модели произведени во периодот декември 2001 до мај 2004.
Францускиот магазин France Football предизвика бурни реакции со текстот објавен на 20 страници, во кој го обвинува Катар дека го купил Светското првенство во фудбал 2022 година.
Со завршувањето на тенискиот турнир во Мелбурн изминатиов викенд, познатиот француски моден бренд Lacoste го продолжи својот договор со Tennis Australia на уште пет години соработка.
Според извештајот што го објави Global Web Index, Google+ во моментов се наоѓа на второто место на листата најпопуларни друштвени мрежи, според бројот на корисници.
Јапонските власти сметаа дека батериите се причина за проблемите во дримлајнерите што ги поседува јапонскиот авиопревозник. Сега вниманието е насочено кон електричниот систем што го регулира полнењето, напонот и температурата на батеријата.
WWF и H&M ќе работат во соработка со политичари, невладини организации, институции и други компании за да го поддржат подоброто управување со одделни речни сливови во Кина и Бангладеш, кои се клучни производни јазли на компанијата.
Милијардерот и сопственик на социјалната мрежа Facebook, Марк Цукерберг реши да влезе во политичките води.
Јапонскиот произведувач на автомобили Toyota и германски BMW ќе започнат соработка на истражување на напредна генерација литиумски – воздушни акумулатори за еколошки возила.
Компанијата овјави дека во 2015 година планира да лансира неколку мали сателити наречени FireFly во мисија на истражување на астероидите во потрага по руда, а една година подоцна би ги лансирала леталта DragonFly, кои три до пет години би собирале материјал од астероидите.
Повеќето американски медиуми превземањето на оваа групација од страна на Трамп го прогласија за малку веројатно. Според Business Insider, тајмингот на Трамп е многу лош.
Во последното тримесечје од минатата година, Google оствари вкупен приход од 14,42 милијарди долари од кои шест во САД, а остатокот од приходот на останатите светски пазари.
На форумот ќе присуствуваат скоро 50 претседатели и премиери од целиот свет, како и преку 1.000 претседатели на управни одбори и извршни директори на светски компании.