Јаворовиот лист испечатен на банкнотата од 20 канадски долари е од норвешки јавор, предупредуваат ботаничарите.
Паркот ќе се наоѓа на 16 километри од брегот на Фукушима. Според проекциите, паркот на ветерници треба да произведува еден гигават енергија од 143 турбини.
Гејтс откри дека дури 95% од своето богатсво во следните неколку години ќе ги донира во хуманитарни акции. Со тие пари сака да ја искорени детската парализа и да се овозможи пристап до вакцини против оваа тешка болест.
Порталот Mashable излезе со податоци дека во 2012 електронска пошта користеле 2,2 милијарди луѓе, во виртуелниот простор имало 634 милиони веб сајтови и биле регистрирани 246 милиони домени.
Јапонскиот произведувач на електроника Sharp, преговара со кинеската компјутерска компанија Lenovo за здружување на силите во производство на телевизори, пренесуваат јапонските медиуми.
Турскиот аеродромски оператор ТАВ, заедно со мнозинскиот акционер Aéroports de Paris (ADP), планира да аплицира за правата да работи со аеродромот Ла Гвардија во Њујорк.
Американските, јапонските и индиските власти одлучија привремено да ги забранат летовите на Boeing 787 Dreamliner по повеќе инциденти, што претставува тежок удар за американската компанија.
Четири години по започнувањето на глобалната финансиска криза, се чини дека најлошото помина, но глобалната економија и понатаму е нежна, порача Светска банка (СБ) во најновиот извештај за економскиот развој, во кој остро ја намали проценката за раст на светската економија за оваа година.
Kинеските власти одобрија проект вреден 11,2 милијарди долари за изградба на уште еден аеродром во Пекинг. Аеродромот ќе има седум писти, шест цивилни и една за воени намени.
Најголемиот швајцарски произведувач на часовници, Swatch, за една милијарда долари ја купува ексклузивната канадска компанија Harry Winston, која се занимава со производство на часовници и накит.
Вработувањето во земјите во развој може да се забрза доколку креаторите на политиките и развојните институции како приоритетна цел си го постават отстранувањето на клучните пречки за растот со коишто се соочува приватниот сектор, покажува новата студија на ИФЦ.
Компанијата Apple очекува Кина да го претекне САД и да стане нивен најголем пазар, изјави претседателот на оваа компанија, Тим Кук. Кина сега е вториот најголем пазар за Apple.
American Express објави дека до крајот на оваа година ќе отпушти 5.400 луѓе од вкупно 63.500 вработени.
Британските огласувачи потрошиле 36,35 долари по корисник на мобилен интернет во 2012 година, што е рекорд на светскиот пазар, според eMarketer. На второ место е Норвешка со 35,71 долар по корисник.
За прв пат по 10 години, со испорачани 601 авиони минатата година, американскиот Boeing е на добар пат да го претекне Airbus и да стане најдобар светски произведувач на авиони за 2012 година.
Министерството за одбрана на САД и американската компанија Microsoft потпишале договор вреден 617 милиони долари за инсталирање на најнов софтвер во Пентагон, кој го вклучува оперативниот систем Windows 8.
Кинескиот државен фонд China Investment Corp е заинтересиран за преземање меѓу 4% и 10% удели во Daimler.
Шест земји забранија увоз на говедско од Бразил, откако минатиот месец беше потврдена појава на случаи на атипичен облик на заболувањето “луди крави”.
Јужнокорејскиот автомобилски концерн Hyundai-Motor, во кој е вклучена и KIA, оваа година очекуваат да продадат преку седум милиони автомобили. Hyundai и Kia се на петто место на најголеми произведувачи на автомобили, а пред нив се Toyota, Volkswagen, General Motors и Ford.
Al Jazeera објави дека ја купува Current TV, кабелска телевизија која со партнери ја основа поранешниот американски потпретседател Ал Гор. Со ова се зацврстува влијанието на катарската телевизија во САД.
Популарната мобилна апликација за споделување на фотографии Instagram, објави список на најфотографирани места во светот за 2012 година
На меѓународниот аеродром во Дубаи, најголемиот аеродром на Блискиот Исток, отворен е првиот терминал на светот специјално направен за супер-џамбо авиони Airbus А380.
Цената на железна руда на светските пазари во последните четири месеци порасна за 60%, по остриот пад во септември, пишува Фајненшал тајмс.
Sony одлучи да го запре производството на конзолата PlayStation 2, која на пазарот се појави уште во март 2000 година во Јапонија, а во Европа стигна неколку месеци подоцна. Од тогаш е продадена во преку 150 милиони примероци.