Јапонскиот џин Сони ги објави своите планови за реструктуирање кои предвидуваат затворање на нивната фабрика за производство на објективи за апарати за сликање, мобилни телефони и веб камери. Ваквиот потег ќе значи отпуштање на над 2.000 работници.
Amazon.com планира привремено да вработи уште 50.000 луѓе, со цел празничниот шопинг да мине во најдобар ред.
Турските градови и музеи освоија награди во 15 категории на World Travel Awards 2012, што потврдува дека оваа земја е на врвот на европскиот туризам.
Според последните информации, огласувањето во медиумите на кандидатите за претседател на најмоќната држава во светот веќе неколку дена ја надминува проектираната цена од 700 милиони долари и денес изнесува нешто над 800 милиони долари.
Американската компанија Netflix одлучи повеќе да не го ограничува времето за одмор на своите вработени...
Растот на кинескиот БДП во третото тромесечје го забави најнискиот раст на кинеската економија од почетокот на светската криза. Овој податок значи дека по долги седум квартали постојано намалување на БДП, Кина и светот конечно може да здивнат.
Манса Муса Првиот е најбогатиот човек во историјата, според новите листи коишто се направени за најбогат човек на сите времиња. Муса Првиот е убедливо на прво место во конкуренција на 25 имиња, а истражувачите за да успеат во тие математики морале да ја пресметаат и инфлацијата.
Шведскиот произведувач на мебел, ИКЕА ќе отвори 20 помали продажни центри на околу 5.000 метри квадратни ширум Москва, што е дел од стратегијата за придобивање потрошувачи во руската престолнина.Новите продавници веројатно ќе бидат во близина на метро станиците и другите средства за јавен превоз, за да бидат поблизу до потрошувачите.
Оценувајќи ја кризата како „ноќна мора“, Сорос говорејќи на конференцијата на Националното здружение за бизнис економија во Њујорк, рече дека творците на еврото биле свесни за неговите недостатоци кога го основале.
Викрам Пандит поднесе оставка на местото главен извршен директор и член на управата на американскиот банкарски гигант Citigroup, функција што ја вршеше скоро пет години. Управата со едногласна одлука за негов наследник го избра Мајкл Корбет, менаџер задолжен за работењето на банката на подрачјето на Европа, Блискиот исток и Африка.
Канада е земја со најолем процент на високообразовани лица, 51%. Веднаш зад неа е Израел со 40%.
Yahoo го именува Енрике Де Кастро за нов главен оперативец, што е второ големо преземање од конкурентската компанија Google. Неодамна извршна директорка во Yahoo стана Мариса Мајер, која исто така дојде од Google.
Финансискиот крах во 2008 го осетија сите земји во светот, но постојат и држави кои успеаја да профитираат од кризата.
Прометот е поттикнат од купувањето на различни видови на производи, што за американските аналитичари укажува на прилично добар раст на американската економија во третото тромесечје од годинава.
Лименките и пластичните шишиња ги истиснаа од употреба стаклените шишенца по кои Кока Кола беше со децении препознатлива на светскиот пазар.
Побарувачката за нафта драстично ќе се намали со што Организацијата на земји – извознички на нафта (OPEc) ќе биде под притисок да го намали производството на нафта за неверојатни 31 милион барели нафта дневно, многу помалку од моменталното производство.
Со стапка од 31,4% невработени од вкупното работоспособно население, Македонија се наоѓа на 21. место на ранг листата од 199 земји на Индекс Мунди.
Американскиот интернет гигант Google го надмина за прв пат долгогодишниот конкурент Мicrosoft по пазарна капитализација
Сименс ќе го гради четвртиoт наjголем висечки мост во светот кој ќе биде главен изведувач на проектот за изградба на четвртиот по должина висечки мост во светот.
Прогнозите за раст на приходите од рекламирање ги зголемија акциите на компанијата до историски максимум. Google ги импресионираше инвеститорите на Волстрит
Извршниот директор Мариса Мајер ја претстави својата стратегија за враќање на позициите на компанијата како интернет гигант. Идеите на Мајер за тоа како да се исправат на нозе биле повеќе општи отколку конкретни, но вработените на компанијата ги дочекале со воодушевување.
Американската компанија Тесла Моторс претстави соларни станици кои значително ќе го забрзаат процесот на полнење на електричните возила и на нивните сопственици ќе им овозможи да одат на подолги патувања.
Нафтена-гасната компанија Royal Dutch Shell започна истражувањето на резервите од шистов гас во Турција.
Злоупотребата на интернетот на работното место и нанесува на американската економија штета од 650 милијарди долари годишно.