Имало случаи кога млади креативци барале работа преку билборди, кога испраќале духовити и сликовити биографии, но она што го направи аниматорот Роби Леонарди е навистина инспиративно.
Владејачката кинеска Комунистичка партија во петокот им забрани на кинеските службеници да праќаат и печатат новогодишни честитки и календари со пари од државните фондови.
Најголемиот произведувач на генерички лекови во светот, израелска Тева, објави вчера дека нејзиниот извршен директор Џереми Левин поднел оставка и дека привремено ќе го замени финансискиот директор Ејал Дешех.
Претседателот на Русија, Владимир Путин, го престигна својот американски колега Барак Обама на листата на Форбс на најмоќни политичари на светот, заземајќи го првото место.
Автомобилите произведени за моделската година 2013 и 2014 година ќе се повлечат поради потенцијално истекување на гориво некаде во системот за довод, што може да предизвика пожар.
Компанијата LG Electronics ги објави финансиските резултати според кои е забележан консолидиран приход од 12,51 милијарди долари.
Корисниците ќе имаат бесплатен пристап до каталогот на музика и видеа, но ќе имаат можност за плаќање на “премиум” услуга, односно за 10 долари месечно да гледаат видеа без реклами.
Пезосот е околу 25 пати послаб од конвертибилниот пезос и главно го користи локалното население. Конвертибилниот пезос е врзан за доларот и најчесто го користат странските туристи.
Apple вчера во Сан Франциско претстави низа нови производи, но ѕвезди на претставувањето беа новите модели на iPad – iPad Air и iPad mini.
Првиот чекор е прелиминирана оценка на сериозноста на проблемот, од што зависи дали ќе има повлекување на овие возила.
NAIA оваа оцена ја доби поради турканиците, нечесните службеници и такси возачи, долгите доцнења на летовите, комплицирани трансфери од еден на друг лет, валкани тоалети и простории за јадење и нељубезен персонал.
Договорот за вонсудско порамнување има за цел да се затвори процесот во врска со продавање на спорни хипотекарни обврзници кои банката свесно ги продавала, предизвикувајќи во периодот на глобалната финансиска криза големи загуби за купувачите.
Жителите на главниот град на Кина се соочуваат со напади на гушење поради смогот предизвикан од индустриското производство и многубројните автомобили на улиците. Во Пекинг живеат 20 милиони луѓе, а преку една четвртина од жителите имаат автомобил.
Договорот, сепак, е само привремен и не ги решава основните проблеми на трошење и дефицит кои ги поделија републиканците и демократите.
Производи од Македонија, Србија, Хрватска, БиХ и други земји од регионот стигнаа на пазарот на Блискиот Исток, во супермаркетот ЕуроБалкан шоп, кој деновиве свечено беше отворен во Дубаи.
Освен што ќе ги презеде нејзините кадри и технологија, Facebook од канцелариите во Тел Авив ќе направи седиште за својата израелска филијала, кое воедно ќе биде и центар за равој и истражување.
Нобеловата награда за економија им е доделана на американските научници Јуџин Фама, Ларс Питер Хансен и Роберт Шилер за истражување кое го подобрува квалитетот на долгорочните прогнози на цената на имот.
Новата политика на HP не е толку строга како онаа на Yahoo. Некои од вработените можат да останат да работат од дома, но за тоа треба да бараат дозвола и да имаат оправдана причина.
Пиштолите се повлечени поради конструкциска грешка, која во многу ретки случаи би можела да биде опасна. Можно е пиштолот случајно да пукне при полнење или да испука два куршуми наместо еден, пренесуваат хрватските медиуми.
Филипини воспоставија единствен начин на оценување на квалитетот на рестораните – според плаќањето на данокот, а не според квалитетот на храната.
Израелската фармацевтска компанија Teva Pharmaceutical Industries, најголемиот произведувач на генерички лекови во светот, планира да отпушти 10% од вработените и до крајот на 2017 година да заштеди две милијарди долари.
Кинескиот произведувач на автомобили Dongfeng планира да вложи 1,2 милијарди евра во француската компанија PSA Peugeot Citroen, со што би стекнал 30% сопственост од капиталот, пишува Financial Times.
Кинескиот гигант Lenovo, по неколку промашени преземања на пропаднати ривали, конечно размислува за мудра аквизиција, односно планира да го купи тајванскиот HTC.
Јелен ќе биде првата жена на чело на Фед, а имајќи ја в предвид нејзината тенденција да се фокусира повеќе на вработувањата, а помалку на инфлацијата, економистите очекуваат таа да продолжи со политиката на нејзиниот претходник.