Во компанијата Мак Млин во Чешиново денеска е пуштена во употреба лабораторија за испитување на квалитетот на пченицата и брашното, прва од ваков вид во Источна Македонија.
Управата за јавни приходи воведува нова услуга за граѓаните Е-промена на адресните податоци. Со неа на граѓаните им се нуди можност бесплатно да извршат промена на адресата, телефонскиот број или е-поштата во регистарот на даночни обврзници.
Во Управата за јавни приходи до вчера се поднесени вкупно 40.000 годишни даночни пријави, изјави денеска директорот на УЈП, Горан Трајковски.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, на АД Фустеларко Борец заштитно друштво Битола му даде одобрение за продажба на сопствени акции по пат на јавна понуда.
Концесијата за експлоатација на јаглен во атарите на село Панчарево - Пехчевско и село Sвегор - Делчевско му е доделена на Акционерското друштво во државна сопственост Македонски енергетски ресурси.
Развојот на економијата и намалување на невработеноста преку привлекување странски инвестиции кои ќе значат нови работни места е главниот предизвик на Владата во што исклучително значење има активното учество и на македонската дијаспора.
Министерството за финансии соопшти дека исплатило 116,5 милиони денари, односно 1,89 милиони евра субвенции на 6.112 сточари за одгледување говеда.
Студентскиот парламент на Универзитетот Св. Кирил и Методиј денеска од 10 часот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) организира обука на тема Како да се успее во кариерата, како до успешен бизнис?
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб променлив ветер. Дневните температури ќе се движат од осум до 15 степени.
АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците.
Зголемен е бројот на работниците кои во 2013 година се обратиле до Сојузот на синдикати на Македонија и побарале заштита на работничките права.
Бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија лани во ноември изнесуваше 746.545 мегават часови, што е за 1,3% повеќе во споредба со истиот месец од претходната година.
Водостопанското претпријатие Водостопанство Тиквеш од Кавадарци започна да склучува договори за снабдување со вода за наводнување за 2014 година
Друштвото за производство, трговија и услуги Жито од Велес претстави дел од своите земјоделски производи на саемот за бизнис со свежо овошје и зеленчук Фрут Логистика што се одржа во Берлин, Германија.
Во следниве неколку дена во Македонија доаѓаат првите 15 странски експерти, практичари кои ќе работат во компаниите кои се пријавија на јавниот повик за Проектот за ангажирање странски експерти за потребите на домашните компании.
Откупени се 27,5 милиони килограми тутун или преку 80% од договорените 32 милиона килограми. Просечната цена достигна 154,65 денари за килограм.
Со сеење на 230 хектари со сточна храна и хидрогеолошки истражувања почна втората фаза во проектот Млекарница Сахара во Македонија.
Пет пункта опфатени со пилот проектот Рурален доктор се поставени во Крушево, со што во 12 населени места со околу 2.000 жители секоја недела се вршат здравствени прегледи. Проектот Рурален доктор официјално почнува од 1 март оваа година.
Инсталирањето на овој систем е дел од исполнувањата на обврските од Оперативниот план за добивање на А-интегрирана дозвола на оваа инсталација.
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност, но по одделни котлини ќе има појава на слаба магла и ниска облачност.
Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози.
Проектот на УСАИД за инвестиции во чиста енергија ќе се залага за делумно расчистување на имотно-правните односи пред објавување на тендер или барем пред потпишување концесиски договор за изградба на мали хидроелектрични централи.
Министерството за финансии исплати 146,6 милиони денари субвенции на 4.837 земјоделци за одржување површини со овошни насади.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на активните деловни субјекти во Република Македонија во 2013 година изнесува 71.290.