Со овој договор ќе се овозможи мобилност на иноваторите од двете земји за да се идентификуваат можностите за заеднички проекти за истражување и развој, во тесна соработка со индустријата.
Кога ќе слушнете сирена (звучни знаци), прво и основно не треба да ве фати паника. Бидете смирени и обидете се да откриете од кој правец  доаѓа звукот.
Во групата Трговија на мало со автомобилски горива прометот номинално е зголемен за 16,6%, а реално е намален за 1,3%).
Благодарение на соработката помеѓу локалната самоуправа и Рудник Саса, младите, спортистите и граѓаните на Македонска Каменица ќе можат да спортуваат, да се рекреираат и дружат на целосно реконструираните спортски терени.
Цените на угостителските услуги во октомври 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 3%. 
Град Скопје ќе надомести дел од трошоците направени при набавка на печка на пелети во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.
Под слоганот Steel growing strong, АрцелорМиттал Скопје организираше уште еден успешен настан за своите клиенти кои од 10 земји од Балканот и пошироко допатуваа до Скопје.
Најдоховните 1% граѓани имаат вкупна ефективна даночна стапка којашто е пониска од онаа на останатите. Затоа, како што се наведува, прагот за прогресивното оданочување е поставен за да ја опфати токму оваа група граѓани.
Очекувањата за растот за 2018 година се ревидирани во надолна насока, од 3,2% очекуван раст во април, на 2,3%.
Бројот на работници во индустријата во септември 2018 година, во однос на септември 2017 година, е зголемен за 4,3%.
Основачи на македонско – босанско - херцеговскиот деловен клуб се повеќе компании од двете земји, кои меѓудругото најавија и интензивирање на работата за зголемување на заедничкиот настап на трети пазари.
Ликвидноста на банкарскиот систем во септември е намалена, стои во извештајот за најновите макроекономски показатели на Народната банка на Република Македонија (НБРМ).
Новата Coca - Cola Активна зона за жителите на Македонска Каменица е бесплатна и достапна за употреба 24 часа на ден.
Во однос на е-трговијата, 5,7%, од деловните субјекти, со Е-продажба примиле нарачки преку компјутерските мрежи, а 4,4% од деловните субјекти примиле нарачки за стоки или услуги, преку Веб-продажба.
Индустриското производство во септември оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемено за 4,5%.
Наградите ОКО им даваат можност на граѓаните, јавните институции, граѓанските организации и крајните корисници на донациите јавно да ја искажат својата благодарност кон донаторите.
Весна Каркинска, заедно со актуелниот Главен извршен директор Лазе Камчев, ќе менаџираат со четирите отворени инвестициски фондови: КД Нова ЕУ, КД Брик, КД Топ Брендови, КД Кеш Депозит.
Стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2017 година е 20%.
Со половина час џогирање и собирање ѓубре кај просечниот човек се согоруваат 288 калории, додека само со џогирање се трошат 235 калории.
Со ребалансот има намалување на приходната и расходната страна за 0,5%. Се задржува буџетскиот дефицит на 2,7%, а се ревидира проекцијата за економскиот раст на 2,8%.
Во септември 2018, во споредба со септември 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија 7,7%, Капитални производи 0,8% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,2%. 
Влезот за настаните е слободен за сите кои ќе дојдат да честитаат роденден.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 81,2 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 96 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.