Сервисни

Зголемувањето за бројот на претставки од граѓани за ДЗЛП е знак дека е зголемена јавната свест за постоењето на правото за заштита на лични податоци, но и запознавање со механизмите кои граѓаните треба да ги знаат за пријавување на повреда на нивните лични податоци.
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево, со локална облачност. Во југозападните делови околу пладне и попладне ќе има локално зголемување на облачноста. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, застои и ограничувања, по претежно суви коловози. Поради ниските температури можни се подмрзнувања на коловозот.
Центарот за развој на Североисточниот плански регион ќе добие над 7,2 милиони денари за 6 проекти од програмите за регионален развој.
Штипското јавно претпријатие Штип проект, го реализираше Деталниот урбанистички план (ДУП) за изградба на новата фабрика за производство на каросерии за автобуси.
Рамковната конвенција за контрола на тутунот усвоен од страна на Светската здравствена организација (СЗО) во 2003 година е штетна за тутунопроизводството во Македонија, предупредуваат од Стопанската комора на Македонија.
Меморандумот е од интерес не само за земјоделците и ветеринарните доктори, туку од него придобивки ќе имаат и останатите граѓани, како трајни потрошувачи.
Општина Дојран објави оглас за доделување на користење на јавни површини за поставување на времени објекти и сезонска опрема во локалитетот Граничен премин во Стар Дојран.
Со неповратни средства и експертиза за изработка на физибилити студија јапонската Влада ќе го поддржи колекторскиот систем за заштита на Охриското езеро.
Министерството за економија првпат преку електронско наддавање додели 26 локации за детални геолошки истражувања. Вкупниот приход, што инвеститорите треба да го уплатат во рок од 30 дена е 35 милиони денари, од кои 27 милиони денари се за општините.
Нотарите и Катастарот на недвижности од Скопје, од денеска почнуваат со електронско работење. Нотарите барањата до Катастарот ќе ги доставуваат по електронски пат со електронски потписи и времен жиг.
Пензиските друштва во земјата еднаш годишно во писмена форма ќе доставуваат до своите членови извештаи за состојбата на средствата на нивните сметки. Извештаите ќе се доставуваат во зелен плик за нивна полесна препознатливост.
Сто и педесет македонски земјоделци во организација на Фередацијата на фармери на Република Македонија викендов присуствуваа на саемот Агротика во Солун, Грција.
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Намалена видливост поради појава на магла има на патниот правец Тетово - П. Шапка со видливост до 100 метри.
Финансиерите од Македонската и Бугарската банка за развој почнаа разговори за создавање на специјален фонд за кредитирање на заеднички проекти и подобрување на трговската размена меѓу двете земји.
Министрите за труд и социјална политика на Македонија и Словенија, Диме Спасов и Ања Копач Мрак, одржаа средба на која се потпишаат измените на Договорот за социјални осигурување.
Ловот во ова државно ловиште се изведува исклучиво врз основ на годишни договори со лиценцирани ловни тур-оператори во светот. Во договорите се дадени ловни пакети за определени видови на дивеч и термини кога таквиот лов може да се реализира.
Досега се откупени повеќе од 16.000 тони тутун, додека просечната цена е 154 денари по килограм. Се очекува нејзино зголемување, бидејќи сега ќе се носат горните берби и поквалитетен тутун.
Кредитните линии се наменети за финансирање проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.
Претпладне во западните делови ќе има слаб локален дожд, а на планините слаб снег. Дневните температури ќе се движат од нула до девет степени.
Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, застои и ограничувања, по наместа влажни коловози. На повисоките и осојничави места можна е појава на голомразица.
Со новите седум услуги се предвидуваат реконструкции на дојки по мастектомија, трансплантација на црн дроб, кадаверични трансплантации на бубрези, ресинхронизациона терапија на срце, концентратори за оксигена терапија, детска кардиохирургија и наменска терапија за шизофренија.
Значително забрзување на кредитната активност е забележано во четвртиот квартал од минатата година, а особено е поизразено во последниот месец. При тоа забележана е и промена во структурата во полза на кредитите насочени кон корпоративниот сектор.