Сервисни

До сабота времето ќе биде стабилно и топло, додека во недела се очекува позначителна промена на времето која ќе се задржи во почетокот на наредната недела.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива по воглавно суви и чисти коловози.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 17 степени.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет особено во источните делови каде е можна и ретка појава на грмежи. Во југозападните делови ќе има подолги сончеви периоди.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 11 степени.
Патниот правец Р-103 Неготино-Радовиш односно Неготино - Штип преку Лакавица, поради оштетување на мостот бр. 9 преку реката Вардар, целосно е затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци.
Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со умерена облачност и со силен ветер од јужен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и над 90 километри на час. Попладне во западните и северните подрачја ќе има локален пороен дожд и можна појава на грмежи.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива по наместа влажни коловози.
Времето во Македонија претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.
Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово - Велес, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Кочани - Делчево и Берово - Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
Во Македонија ќе преовладува облачно време, а локално ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, како и услови за појава на невреме со град.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива по влажни коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Времето во Македонија ќе биде претежно облачно и нестабилно со пообилни врнежи од дожд. Ќе дува умерен повремено и засилен ветер од југоисточен правец.
Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово - Велес, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Кочани - Делчево и Берово - Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
Позначителна облачност се очекува кон крајот на денот во западните предели. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Температурата ќе се движи од 14 до 22 степени.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 13 степени.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен локален дожд, особено во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка, но не се задржува на коловозот.
Од големите одрони од земја кои изнесуваат над 10 метри кубни едната коловозна лента е во прекин и сообраќајот се одвива отежнато по една коловозна лента.
Летното сметање на времето почнува в недела наутро на 31 март во 02:00 часот по полноќ кога со поместување за еден час нанапред ќе се смета дека е 03:00 часот по полноќ.