Колку ќе ве чини дозволениот минус?

210

Многу често се случува да трошиме повеќе од она со коешто располагаме, па да посегнеме по кредит, дозволен минус или нешто слично.

Доколку користите дозволено пречекорување (дозволен минус) банката пресметува камата секој ден кога е искористено ова пречекорување. За да знаете колку ве чини тоа на месечно ниво, треба да ги внесете податоците за бројот на денови во месецот во кои имаш дозволено пречекорување (дозволен минус) и кој е износот на пречекорувањето. Калкулаторот ќе пресмета приближен износ на месечната камата која ја наплатува банката.

Пример: Ако дозволеното пречекорување е 60.000 денари, каматната стапка на дозволеното пречекорување е 9,5%, бројот на денови во месецот со пречекорување е 20, а износот на камата во месецот изнесува 312 денари.

Организацијата на потрошува на Македонија (ОПМ) изработи калкулатор, што е изработен од проектот Еманципација на потрошувачите на финансиски услуги и застапување на нивните интереси, спроведуван од ОПМ, а финансиран од oперативен грант од Програма за потрошувачи на Европската унија (2014-2020) преку Европската организација на потрошувачите (BEUC).

Фото: Freepik