Колку жени инженери и научници има во земјава?

178

Во текот на 2019 година, повеќе од 6,3 милиони жени се занимавале со наука и инженерство во рамки на Европската унија, што претставува 41% од вкупниот број на вработени во таа дејност.

Според податоците на Eurostat, во Македонија 18,1% се жени кои се занимаваат со наука и инженерство.

На ниво на ЕУ, најмал процент на жени во инженерство и наука има во производството (21%), додека најголема рамноправност има во секторот услуги со 46%.

Меѓу земјите членки на ЕУ, има различен процент на жени во овие дејности, од 55% во Литванија до 28% во Луксембург.

Фото: Freepik