Kuehne + Nagel воведува нова апликација за логистички услуги за испитување на пазарот

46

KN_BD_0017_archive_lr

Kuehne + Nagel денеска го објави својот пристап кон дигитализацијата и го воведе следниот иновативен производ gKNi кој се базира на логистички податоци и предвидлива аналитика.

Овозможувајќи континуиран пораст на своите услуги и ефикасноста во своето работење во корист на своите клиенти и акционери, Kuehne + Nagel ја поттикнува својата логистичка компетенција и иновативна моќ преку пристапот на дигитализација ставајќи акцент на дигитална подготвеност, дигитални производи и платформа.

Дигиталната подготвеност на Kuehne + Nagel се состои од напредни структури на податоци и процеси, како и стандардни интерфејси за обезбедување инстантна и стабилна врска за подобрување на услугата на клиентите. Во комбинација со нивниот глобален стандарден оперативен систем, Kuehne + Nagel е во состојба брзо да одговори на барањата на пазарот и да се скрати времето на пазарот за дигитални производи и решенија. Kuehne + Nagel веќе ја започна KN FreightNet мрежата, дигитален производ за обезбедување на инстант понуда, онлајн резервации, како и следење пратки во авионскиот и бродскиот транспорт. Во рамките на својата претприемачка платформа, Kuehne + Nagel, како дел од нови старт-ап деловни соработки, врши истражување и генерирање на нови деловни можности и создавање на нови деловни решенија, со што врши проширување на својата палета на дигитални услуги кон своите клиенти.

Д-р. Детлеф Трефцгер, извршен директор на Kuehne + Nagel групацијата, изјави: „Со користење на нашите основни компетенции и употреба на нашата дигитална база на податоци, посебно во делот на управување со податоци и аналитика, ние развиваме пионерска технологија и продукти кои поседуваат додадена вредност за нашите клиенти. Ние не ја сметаме дигитализацијата како оптоварување, туку како дел од нашата деловна еволуција која е во тек. Истото ни овозможува да вршиме постојано испорачување на иновативни решенија кои им се потребни на нашите клиенти.“

Развивајќи ја сопствената дигитална подготвеност, способностите на развој на производи и логистичкото испитување на пазарот, Kuehne + Nagel го создаде gKNi trade nowcasting, каде gKNi ги означува глобалните Kuehne + Nagel индикатори и обезбедува информации и проценки за клучните економски податоци како што се информации за трговскиот биланс и индустриското производство, информации кои се базираат на податоците кои ги поседува Kuehne + Nagel за глобалните трговски токови. Овој иновативен продукт претставува иницијатива на претприемачката платформа на компанијата каде се користи внатрешно развиената технологија за поврзување и анализа на големите датотеки со помош на автоматизација и предвидлива аналитика. gKNi испорачува навремен преглед на економските развојни податоци кои потекнуваат од блиското минато, сегашноста и од блиската иднина и тоа 55 денови порано од останатите проценки кои се објавуваат за трговски поврзаните индикатори. Податоците се достапни со помош на претплата и ги таргетира логистичките клиенти на Kuehne + Nagel, корпорациите, владините органи, банките, како и инвеститорите каде овие информации овозможуваат навремено носење на вистински одлуки.

За повеќе информации посетете го следниот webcast линк: http://news.kuehne-nagel.com.

Со повеќе од 68.000 вработени на 1.000 локации во повеќе од 100 земји, групацијата Kuehne + Nagel е една од водечките светски логистички компании. Цврстата позиција на пазарот се базира на бродскиот, авионскиот, камионскиот транспорт и договорната логистика, со јасно фокусирање на понудата на IT-базирани ланец на услуги. Повеќе информации ќе најдете на www.kuehnenagel.mk.