Лани бесправно биле изградени 955 објекти

43

Според податоците на Државниот завод за статистика, во текот на 2018 година, на територијата на земјава се регистрирани 955 бесправно изградени објекти.

Според видот на објектот, бесправно се изградени 249 објекти за домување (26,1 %), 133 доградби, надградби и адаптации (13,9 %), 113 деловни објекти (11,9 %), 78 гаражи (8,2 %), 134 огради (14 %), 6 скалила (0,6 %), 15 тераси (1,6 %), 28 летни тераси (2,9 %), 95 настрешници (9,9 %), 13 времени објекти (1,4 %) и 91 помошен објект (9,5 %).

Најголем број бесправно изградени објекти (98,1 %) се во приватна сопственост.