Македонски Телеком за шест месеци прокнижи 886,7 милиони денари добивка

180

Македонски Телеком во првите шест месеци од оваа година прикажа вкупна сеопфатна добивка од 886.746.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во истиот период минатата година, добивката на телекомуникациската компанија достигна ниво од 692.844.000 денари.

“Нето добивката за првите шест месеци од 2021 година е зголемена за 28% во споредба со истиот период од претходната година и изнесува 886.746.000 денари“, стои во Образложението за работењето на Македонски Телеком.

Вкупните приходи од продажба на компанијата, заклучно 30-ти јуни, беа на ниво од 5.391.016.000 денари, од кои на домашен пазар отпаѓаат 5.189.852.000 денари, додека остатокот од 201.164.000 денари е остварен на пазари во странство.

“Приходите од продажба во првите шест месеци од 2021 година изнесуваат 5.391.016.000 денари, што претставува зголемување за 4,1% во споредба со истиот период од претходната година“, стои во Образложението.

Фото: Pexels