Макпетрол проектира добивка од 190.709.000 денари

13

makpetrol

Компанијата Макпетрол планира во текот на 2015 година да оствари добивка пред оданочување во висина од 190.709.000 денари, стои во финансискиот план, објавен на Македонска берза.

“Компанијата очекува во деловната 2015 година да оствари позитивен финансиски резултат, односно да оствари добивка од работењето пред оданочување во износ од 190,7 милиони денари. Ваквиот резултат се должи на предвиденото остварување на вкупен приход во висина од 19,4 милијарди денари и направени вкупни расходи од 19,2 милијарди денари“, стои во финансискиот план.

Компанијата проектира приходите од продажба да достигнат ниво од 18.556.857.000 денари, од кои на домашен пазар би се реализирале 17.394.465.000 денари, додека остатокот од 1.162.392.000 денари на странски пазари.