Макстил со добивка од 51,4 милиони денари за девет месеци

41

Компанијата Макстил, од јануари до септември оваа година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 51.437.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во истиот период лани, добивката на компанијата беше 2.536.000 денари.

На крајот на септември оваа година, вкупните приходи од продажба имаа салдо од 2.980.127.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 637.145.000 денари, а поголемиот дел од 2.342.982.000 денари е од продажба на странски пазари.

Основна дејност на компанијата е обработка на челик користејќи ги капацитетите на електропечки за производство на течен челик, леење на челик, топловалани лимови, производство на сурово железо, челик и феролегури, рециклажа на метални отпадоци, трговија на големо со метали и метални руди, трговија на големо со репродукционен материјал, трговија на големо со отпадоци и остатоци.

Фото: Facebook