Над 19 милијарди евра за спојувања и аквизиции во централна и источна Европа

29

Вкупната вредност на спојувања и аквизициите во земјите од централна и источна и југоисточна Европа се намали за 17% во 2019 година. Таа достигна ниво од 19,6 милијарди евра, покажуваат податоците на Wolf Theiss Corporate Monitor за 2019 година.

Во западна Европа, како што се нотира, падот на спојувањата и аквизициите е околу 23%.

Потрошувачкиот и забавниот сектор беа најактивни, па спојувањата и аквизициите во тие два сектора надмина 22%. Потоа следува секторот технологија, па телекомуникации и медиуми. Три големи трансакции се забележи во овој сегмент. Најголемото преземање беше направено од чешкиот фонд PPF којшто го презеде Central European Media Enterprises за 1,5 милијарди евра.

Фото: Pexels