Над 2,3 милијарди денари добивка за Стопанска банка во 2019-та година

110

Стопанска банка минатата 2019-та година ја заврши со добивка од 2.371.129.000 денари, покажува годишниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, добивката на банката беше 2.746.346.000 денари.

“Во периодот од 01.01.2019 до 31.12.2019 година, Стопанска банка оствари нето добивка за финансиската година во износ од 2.371.129.000 денари, што е на исто ниво со добивката од 2018 година (доколку се исклучи влијанието на должникот Фени Кавадарци и со него поврзаната исправка на вредност објавена во 2018 година)“, стои во Анализа на финансиските резултати.

Нето приходите од камати изнесуваат 3.611.054.000 денари, како што се наведува, се намалени за 5,6% во однос на истиот период од 2018 година, при што приходите од камати забележаа намалување од 6,7%, додека расходите од камата забележаа намалување од 12,7%.

Нето приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 825.790.000 денари и, како што се наведува, се повисоки за 11,2% од истите во 2018 година како резултат на остварен пораст на нето провизиите и надоместоците од услуги.

“Во анализираниот период, Стопанска банка покажа исправка на вредност на финансиски средства и посебна резерва за вонбиланска изложеност, на нето основа во износ од 763.510.000 денари“, стои во Анализата на неревидираните финансиски резултати.

Фото: Pexels