Намален бројот на превезени патници во патниот патнички превоз

23

sedista-avtobus-pixabay

Фото: Pixabay

Вкупниот број на превезени патници во патниот патнички превоз, во текот на третото тримесечје од оваа година во однос на истиот период лани, е намален за 3,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 6,8%, во  приградскиот превоз за 3,5%, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 11,7%, додека во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 12,6%.

Во однос на второто тримесечје од 2017 година, вкупниот број на превезени патници е намален за 19,1%. Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 15,6%, во приградскиот превоз за 28,7%, во меѓуградскиот превоз за 4,4%, додека во меѓународниот превоз е зголемен за 33,2%.

Во третото тримесечје од 2017 година, во однос на истиот период од 2016 година, вкупниот број на патничките километри во патниот патнички превоз е зголемен за 1,6%. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 1,7%, во приградскиот превоз е намален за 7,6%, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 5,2%, додека во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 4,6%.

Во однос на второто тримесечје од 2017 година, вкупниот број на патничките километри е намален за 17,3%. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 44,4%, во приградскиот превоз за 40%, во меѓуградскиот превоз за 2,5%, додека во меѓународниот превоз е зголемен за 19,8%.