Намален бројот на работници во индустријата во јуни

17

Бројот на работници во индустријата во јуни оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 0,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2016 година, во однос на јуни 2015 година, бележи пораст од 2,4%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 0,4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,4%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јуни 2016 година, во однос на јуни 2015 година, бележи пораст кај Енергија за 1%, Интермедијарни производи, освен енергија за 1,4%, Капитални производи за 8,7% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 1,2%, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,2%.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – јуни 2016 година, во однос на
периодот јануари – јуни 2015 година, е зголемен за 1,1%.