Намален откупот и продажбата на земјоделски производи во третото тримесечје

25

Откупот и продажбата на земјоделски производи, во третото тримесечје од оваа година, се намалени за 5,1% во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 23,1%, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано намалување за 30,7%.

Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: градинарските и фуражните растенија, грозјето, алкохолните пијалаци и добитокот, а намалување е забележано кај: житата, индустриските растенија, овошјето, живината и јајцата, млекото и млечните производи и рибата.

Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува пораст во септември, додека во јули и август е забележано опаѓање.